Реј Кроц (Рејмонд Алберт Кроц) бил американски сопственик на ресторани, пионер на индустријата за брза храна.

Рејмонд Алберт Кроц
Роден(а)октомври 5, 1902(1902-10-05)
Оак Парк, Чикаго, Илиноис
Починал(а)јануари 14, 1984(1984-01-14) (возр. 81)
Сан Диего, Калифорнија
Причина за смртсрцев напад
НационалностАмериканец
НародностБелец
ПартијаРепубликанец
СопружникЕтел Флеминг (1922–1961)
Џејн Добинс Грин (1963–1968)
Жоан Кроц (1969–1984, нејзина смрт)

Животопис

уреди

Работел како продавач на различни артикли, кога го открил ресторанот во Сан Бернардино, Калифорнија во сопственост на Морис и Ричард Мекдоналд , кои користеле формат со бесконечна лента за подготвување и продажба на големи количества хамбургери, помфрит и милкшејк. Со почетокот на 1955 г., Кроц го отворил својот прв ресторан за послужување во автомобил во Дес Плејн, Илиноис, плаќајќи им на браќата процент од издадените парагон-блокови. Наскоро почнал да ги продава правата за продажба за нови ресторани воведувајќи програми за обука за сопствениците-менаџери со посебен акцент на автоматизација и стандардизација. До неговата смрт (од срцев напад) биле отворени околу 7.500 ресторани Мекдоналд низ светот, а со почетокот на XXI век постојат повеќе од 25.000 ресторани. Мекдоналд претствува најголема светска малопродажна мрежа на ресторани за брза храна.