Рејчел Зеглер
Рејчел Зеглер (англ. Rachel Anne Zegler; родена на 3 мај 2001) ― американска глумица и пејачка. Како глумица дебитирала со улогата на Марија во филмот од Стивен Спилберг „Приказна од западната страна“ (2021), за која ја освоила „Златен глобус“ за најдобра глумица во филмски мјузикл или комедија.
Рејчел Зеглер | |
---|---|
Рејчел Зеглер во 2023 | |
Роден(а) | 3 мај 2001 Хакенсак, Њу Џерси, САД |
Занимање |
|
Активен период | 2015–денес |
Во 2023 година ја глумела Антеа во Шазам! Бесот на боговите и Луси Греј Берд во „Игрите на гладните: Балада за песнопојки и змии“ . Дебитирала на Бродвеј со улогата на Јулија во претставата Ромео и Јулија (2024).
Рани години
уредиРејчел Зеглер е родена на 3 мај 2001 година во Хакенсак, Њу Џерси.[1][2][3] Името го добила по Рејчел Грин од ТВ-серијата Пријатели. Мајка ѝ има колумбиско,[4] а татко ѝ полско потекло.[5][6] Поради етничката припадност, Зеглер како дете се соочила со расна дискриминација.[1]
Првата актерска улога Зеглер ја добила на 12 годишна возраст, кога ја играла Шпринце во претставата на Виолинист на покривот. Тогаш одлучила дека сака да стане глумица и почнала да зема часови по пеење и глума.[1]
Кариера
уредиЗеглер кариерата ја започнала како глумица во неколку мјузикли додека била средношколка; ги глумела Бел во Убавицата и ѕверот (2016), Ариел во Малата сирена (2017),[7] Дороти Брок во 42-та улица (2018) и принцезата Фиона во Шрек мјузикл (2019).[8][9] За сите овие улоги била номинирана за наградата „Метро“ во категоријата глумица во главна улога.[8] Нејзини други улоги биле: Серена во Legally Blonde, Козета во Клетници и Мили во Thoroughly Modern Millie.[10] Нејзиниот канал на YouTube го отворила во јули 2015 година.[11] До 2022 година, нејзиното видео во кое ја пее песната „Shallow“ од филмот Ѕвездата е родена, имало над 12,2 милиони прегледи на Твитер.[5]
Во јануари 2018 година, режисерот Стивен Спилберг на Твитер објавил отворен повик за кастинг за нова филмска адаптација на Приказна од западната страна.[12] Зеглер одговорила на повикот за кастинг со видеа на кои ги пеела „Tonight“ и „I Feel Pretty“.[13][5] Таа била избрана од над 30 000 пријавени кандидати за улогата на Марија, што всушност било и нејзино филмско деби.[14] Филмот бил објавен во декември 2021 година[15] и бил пофален од критичарите и од публиката.[16][17][18] За нејзината улога, Зеглер добила номинација за филмска награда од Critics' Choice за најдобар млад изведувач, а ја освоила наградата Златен глобус за најдобра глумица во филмски мјузикл или комедија[19][20] со што станала прва глумица со колумбиско потекло која победила во таа категорија, а исто така со 20 години станала и најмлад добитник на награда во таа категорија.[21]
Таа ја глумела Антеа во филмот Шазам! Бесот на боговите (2023)[22] и ја глумела протагонистката Луси Греј Берд во филмот Игрите на гладните: Балада за песнопојки и змии (2023).[23] Филмот доби позитивни критики. [24] Потоа се појавила во филмот од Кајл Муни, Y2K,[25] премиерно прикажан на фестивалот South by Southwest во 2024 година.[26]
Зеглер дебитирала на Бродвеј со улогата на Јулија во музичката адаптација на Ромео и Јулија од Вилијам Шекспир, во режија на Сем Голд и со музика од Џек Антоноф.[27] Го позајмила гласот на главниот лик во анимираниот музички филм Маѓепсани (англ. Spellbound), во режија од Вики Џенсон, премиерно прикажан на Нетфликс во 2024 година.[28][29] Таа, исто така, ќе го игра насловниот лик во Снежана, адаптација во живо на анимираниот филм од Дизни од 1937 година, кој треба да биде објавен во 2025 година.[30][31]
Личен живот
уредиВо февруари 2021 година, Зеглер и глумецот Џош Андрес Ривера потврдиле дека се во врска. Тие се запознале за време на снимањето на „Приказна од зпадната страна“, а подоцна глумеле заедно во „Игрите на гладните: Балада за песнопојки и змии“.[32]
Зеглер истакнала дека Барбра Стрејсенд има најголемо влијание во нејзината кариера.[33] Зеглер исто така е обожавателка на Тејлор Свифт.[34]
Зеглер јавно ја поддржувала Палестина во израелско-палестинскиот конфликт од 2021 година. Во јануари 2024 година преку Инстаграм ги повикала луѓето да вршат притисок врз владините водачи за да поддржат прекин на огнот во Газа за време на војната меѓу Израел и Хамас.[35][36]
Филмографија
уредиФилм
уредигодина | Наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
2021 година | Приказна од западната страна | Марија | |
2023 година | Шазам! Бес на боговите | Антеа | |
Игри на гладните: Балада за птици песнопојни и змии | Луси Греј Берд | ||
2024 година | Y2K | Лора | |
Маѓепсани | Принцезата Елиан | Гласовна улога | |
2025 година | <i>Снежана</i> | Постпродукција |
Театар
уредигодина | Наслов | Улога | Место на одржување | Белешки |
---|---|---|---|---|
2024–2025 година | Ромео + Јулија | Јулија | Театар „Circle in the Square“ | Бродвеј [37] |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Walters, Meg (2021-06-28). „The Stunning Transformation Of Rachel Zegler“. The List (англиски). Архивирано од изворникот на July 8, 2024. Посетено на 2024-07-07. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Walters-2021“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Kramer, Peter D. „Steven Spielberg's 'West Side Story' Maria on stage in Lodi this weekend“. North Jersey Media Group (англиски). Архивирано од изворникот на August 9, 2019. Посетено на September 26, 2022.
I was born in Hackensack Hospital.
- ↑ Kuperinsky, Amy (December 10, 2021). „Rachel Zegler almost didn't audition for 'West Side Story.' the new Maria on the role that changed her life“. NJ.com. Архивирано од изворникот на February 9, 2022. Посетено на December 14, 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Who is Rachel Zegler? Meet the teenager playing María Vasquez in the 'West Side Story' remake“. Classic FM. June 17, 2019. Архивирано од изворникот на May 7, 2019. Посетено на April 16, 2021. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Classic FM-2019“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ McNary, Dave (January 14, 2019). „'West Side Story' Remake Casts Newcomer as Maria“. Variety. Архивирано од изворникот на July 6, 2019. Посетено на February 19, 2021.
As a Colombian-American, I am humbled by the opportunity to play a role that means so much to the Hispanic community
- ↑ Kramer, Peter D. (May 17, 2017). „Metro Awards 2017 nominees list“. The Journal News. Архивирано од изворникот на July 7, 2019. Посетено на July 7, 2019.
- ↑ 8,0 8,1 Kramer, Peter D. (May 15, 2019). „Rachel Zegler to skip Metros, citing 'West Side Story' schedule, calls event 'too public'“. The Journal News. Архивирано од изворникот на July 26, 2019. Посетено на August 9, 2020.
- ↑ Kramer, Peter D. (May 14, 2019). „Metro Awards: Harrison, Sleepy Hollow, Panas and Northern Valley lead 2019 nominees“. The Journal News. Архивирано од изворникот на July 7, 2019. Посетено на July 7, 2019.
- ↑ Santiago, Ellyn (January 15, 2019). „Rachel Zegler: 5 Fast Facts You Need to Know“. Heavy. Архивирано од изворникот на July 24, 2019. Посетено на July 7, 2019.
- ↑ „Rachel Zegler“. YouTube. Архивирано од изворникот на September 4, 2020. Посетено на July 7, 2019.
- ↑ Kit, Borys (January 26, 2018). „Steven Spielberg Looks for Spanish-Speaking Actors for His 'West Side Story' Remake“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на February 7, 2019. Посетено на July 7, 2019.
- ↑ Kuperinsky, Amy (December 2, 2021). „West Side Story review: There's a place for Spielberg's updated musical“. NJ.com. Архивирано од изворникот на December 4, 2021. Посетено на December 4, 2021.
- ↑ McNary, Dave (January 14, 2019). „'West Side Story' Remake Casts Newcomer as Maria“. Variety. Архивирано од изворникот на July 6, 2019. Посетено на July 7, 2019.
- ↑ Lang, Brent; Rubin, Rebecca (September 23, 2020). „'Black Widow,' 'West Side Story,' 'Eternals' Postpone Release Dates“. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на January 6, 2021. Посетено на March 29, 2022.
- ↑ Evangelista, Chris (December 2, 2021). „West Side Story Review: Steven Spielberg's Big, Vibrant Take On The Classic Musical Is One Of His Best Films“. SlashFilm.com (англиски). Архивирано од изворникот на December 2, 2021. Посетено на March 29, 2022.
- ↑ „Best of 2021: Film Critic Top Ten Lists“. Metacritic (англиски). Архивирано од изворникот на January 18, 2022. Посетено на March 29, 2022.
- ↑ „West Side Story review – Spielberg's triumphantly hyperreal remake“. the Guardian (англиски). December 2, 2021. Архивирано од изворникот на December 5, 2021. Посетено на March 29, 2022.
- ↑ Verhoeven, Beatrice (December 13, 2021). „'West Side Story,' 'Belfast' Lead 2022 Critics Choice Film Nominations“. The Hollywood Reporter (англиски). Архивирано од изворникот на January 13, 2022. Посетено на December 13, 2021.
- ↑ „Golden Globes 2022: What The Winners Said – Rachel Zegler“. Golden Globes. January 11, 2022. Архивирано од изворникот на March 16, 2022. Посетено на March 16, 2022.
- ↑ „Snow White Actress Rachel Zegler Wins the Golden Globe“. Disney Fanatic. January 10, 2022. Архивирано од изворникот на February 5, 2022. Посетено на January 10, 2022.
- ↑ Jackson, Angelique (February 25, 2021). „Rachel Zegler Joins Cast of 'Shazam: Fury of the Gods'“. Variety. Архивирано од изворникот на November 2, 2021. Посетено на February 25, 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „The Hunger Games: The Ballad of Songbirds and Snakes“. Rotten Tomatoes. Архивирано од изворникот на November 17, 2023. Посетено на April 16, 2024.
- ↑ „'SNL' Alum Kyle Mooney to Direct A24's 'Y2K' Starring Rachel Zegler and Alicia Silverstone“. IndieWire. March 23, 2023. Архивирано од изворникот на March 23, 2023. Посетено на March 23, 2023.
- ↑ „'Y2K' Review: Kyle Mooney's Apocalyptic Comedy Is a Gleefully Gonzo Dose of Nostalgic Revisionism“. IndieWire. March 10, 2024. Архивирано од изворникот на May 9, 2024. Посетено на April 16, 2024.
- ↑ „Rachel Zegler, Kit Connor to Star on Broadway in 'Romeo and Juliet'“. The Hollywood Reporter. April 16, 2024. Архивирано од изворникот на April 16, 2024. Посетено на April 16, 2024.
- ↑ Kroll, Justin. „Rachel Zegler To Voice Lead Of Apple Original Films And Skydance Animation's 'Spellbound'“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на April 8, 2022. Посетено на April 7, 2022.
- ↑ „Spellbound Release Date, Trailer, Cast & Plot“. Yahoo Entertainment (англиски). 2024-07-31. Посетено на 2024-09-27.
- ↑ Kroll, Justin (June 22, 2021). „'Snow White': 'West Side Story's Rachel Zegler To Play Title Role In Disney's Live-Action Adaptation Of Animated Classic“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на June 22, 2021. Посетено на June 22, 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Rachel Zegler Wishes Boyfriend Josh Andrés Rivera a Happy Birthday: 'So Lucky To Be Loved By Him'“. Peoplemag (англиски). Посетено на 2024-07-07.
- ↑ Tiller, Bonni (2023-08-07). „31 Facts About Rachel Zegler“. Facts.net (англиски). Архивирано од изворникот на September 19, 2024. Посетено на 2024-07-07.
- ↑ Nesvig, Kara; Delgado, Sara (2023-10-25). „Rachel Zegler Says Toxic Fan Hate Made Her Strong "Like Teflon"“. Teen Vogue (англиски). Посетено на 2024-09-23.
- ↑ Fink, Rachel (August 15, 2024). „Disney's 'Snow White' Remake Sparks Boycott Calls Over Gal Gadot's Casting and Co-star's pro-Palestinian Stance“. Haaretz. Архивирано од изворникот на September 19, 2024. Посетено на September 19, 2024.
- ↑ Berger, Eric (2024-08-25). „Bad apple? How Disney's Snow White remake turned sour“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Архивирано од изворникот на September 19, 2024. Посетено на 2024-09-19.
- ↑ „Kit Connor and Rachel Zegler to Make Broadway Debuts in Romeo + Juliet Revival | Playbill“. Архивирано од изворникот на September 19, 2024. Посетено на May 29, 2024.
Надворешни врски
уреди- Рејчел Зеглер на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Rachel Zegler on Instagram
- Zegler Видео на YouTube