Рефлексологијата претставува стара холистичка терапија што се темели врз стимулирање на рефлексните точки кои се наоѓаат во стапалата.

Рефлексологија
Медицинска процедура
Пример на рефлексологија, приказ на зони на стапалата за кои се верува дека секоја од нив ја стимулира работата на одреден орган.
ICD-9-CM99.9
MeSHD000529

Предности

уреди

Рефлексологијата е одлична за телото, умот и духот, посебно во период кога е зголемено нивото на стрес. Рефлексологијата опушта, смирува и го потикнува телото да се ослободи од токсините и нечистотиите, исто така ја подобрува и циркулацијата во телото. Рефлексологијата има моќ да го подобри нивото на енергија со што предизвикува ослободување од стресот и напнатоста.

Третмани со рефлексологија

уреди

Некои болести и состојби може да бараат повеќе третмани и затоа не може да се очекува подобрување веднаш после првиот третман, потребни се околу шест третмани за да се забележат значајни промени. Третманите започнуваат со нежно чистење на стапалата и глуждовите, а потоа започнува и самата масажа проследена со многу техники на масирање, со цел да се ослободи блокираната енергија и природните лековити моќи на телото. После секој третман препорачливо е пиење на големи количества вода за телото да може да се ослободи од токсините и да се намали ризикот од појава на блага главоболка и замор.

 
Пример на шема за рефлексологија на рака.

Како помага рефлексологијата?

уреди

Рефлексологијата делува превентивно, но може да ублажи или излечи состојби како:

  • несоница;
  • висок крвен притисок;
  • мигрена, главоболка и хронично воспаление на синусите;
  • нарушувања во дигестивниот систем;
  • болка во долниот дел од грбот, рамената и вратот;
  • стрес и напнатост;
  • симптоми на артритис;
  • неплодност.

Непрепорачлива

уреди

Рефлексологијата никогаш не претставува замена за медицинската терапија, но сепак постигнувањето рамнотежа во телото може да го подобри човечкото здравје. Не се препорачува правење третмани при: