Рендина (грчки: Ρήχιος, Рихиос; старо Ρεντίνα, Рендина) — река во Лагадинско, Егејска Македонија.

Рендина
Ρήχιος
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајЛагадинско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоБешичко Езеро
 • координати40°39′09″N 23°35′58″E / 40.6526° СГШ; 23.5994° ИГД / 40.6526; 23.5994
Устие 
 • место
Струмски Залив кај Ставрос
 • координати
40°40′42″N 23°41′38″E / 40.6783° СГШ; 23.6938° ИГД / 40.6783; 23.6938
Особености на сливот
Рендина (река) во рамките на Бешик
извор
утока

Опис

уреди

Реката истекува од Бешичкото Езеро и тече на исток. Веднаш по селото Рендина во минатото ја примала големата лева притока Масларска Река (Дриста), која подоцна е пренасочена во канал кон езерото. Потоа реката влегува во тесната Рендинска Клисура меѓу планината Сугљани на југ и Псили Рахи (341 м), јужен огранок на Орсова Планина, на север. Во средновековието влезот во клисурата го чувала Рендинската тврдина. По клисурата, реката излегува во низината на Аспровалта и се влева во Струмскиот Залив (наречен и Рендински Залив) на Егејското Море северно од Ставрос.[1]

Името Ρήχιος (на старогрчки Рехиос, македонизирано во Рехиј, а на денешен грчки Рихиос) е обновеното античко име на реката кое се среќава во делото „За градбите“ на Прокопиј Кесариски (VI век). Сепак, поистоветувањето со Рендина не е сигурно.[2]

Притоки

уреди

→ лева, ← десна

  • Неришта (Масларска Река, Дриста)
  • ← Хасан Дере (Хасанолакос)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  2. Прокопиј, За градбите, 4, 27