Неришта
река во Лагадинско, Егејска Македонија
Неришта[1], Масларска Река[2] или Дриста (грчки: Βαμβακιά, Вамвакија)[3] — река во Лагадинско, Егејска Македонија во сливот на Бешичкото Езеро.[2][1]
Неришта Βαμβακιά | |
---|---|
Местоположба | |
Земја | Грција |
Крај | Лагадинско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Мавровско Езеро |
• координати | 40°46′58″N 23°26′42″E / 40.7827° СГШ; 23.4451° ИГД |
Устие | |
• место | Бешичко Езеро |
• координати | 40°39′24″N 23°37′00″E / 40.6567° СГШ; 23.6166° ИГД |
Особености на сливот | |
Опис
уредиРеката извира како канал од обновеното Мавровско Езеро и тече на југоисток низ Мавровската Котлина. Кога ќе дојде до нејзиниот крај кај селото Маслар свртува на југ, двоејќи ја Бешичка Планина на запад од јужниот огранок на Орсова Планина на исток. Во минатото се влевала во ректа Рендина веднаш по селото Рендина, но денес реката е одведена во канал кој се влева во Бешичкото Езеро.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Nigríta GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ „Εθνικό Πάρκο Λιμνών Κορώνειας-Βόλβης και Μακεδονικών Τεμπών“ (PDF). Το Μουσείο Γουλανδρή Φυσικής Ιστορίας/Ελληνικό Κέντρο Βιοτόπων-Υγροτόπων. Посетено на 2 декември 2023.