Рендинска Клисура
Рендинска Клисура (грчки: Στενά της Ρεντίνας) — клисура во Лагадинско, Егејска Македонија, наречена Македонска Темпејска Долина или Долината на Ајдуците (грчки: Μακεδονικά Τέμπη, Κοιλάδα των κλεφτών). Започва на запад от село Рендина, близо до Бешичкото Езеро и завршува во Струмскиот Залив.
Рендинска Клисура | |
---|---|
Στενά της Ρεντίνας | |
Геологија | |
Вид | клисура |
Географија | |
Местоположба | Лагадинско, Егејска Македонија |
Земја | Грција |
Координати | 40°39′22″N 23°36′19″E / 40.6562° СГШ; 23.6052° ИГД |
Река | Рендина |
Клисурата е образувана од малата река Рендина, која ги носи одлеаните води на Бешичкото Езеро во Струмскиот Залив. Реката влегува во клисурата меѓу планината Сугљани на југ и Псили Рахи (341 м), јужен огранок на Орсова Планина, на север. Рендинската Клисура е важно живеалиште за грабливи птици и одмориште за птиците-преселници. На ридот на теснините се наоаѓа Рендинската тврдина, а на нивниот влез е историската црква „Св. Марина“.[1]
Во клисурата, во антиката наречена Авлона, имало римска станица на патот Вија Егнација наречена Mutatio Peripidis (т.е. Еврипидис), чие им се должи на на гробницата на Еврипид, погребан во месноста. Според грчки извори името Рендина постоело уште од негово време. Некои современи истражувачи сметаат дека станицата била на западниот влез на клисурата, а други сметаат дека била на источниот. Првата претпоставка е поверојатна бидејќи е во склад со антички извор кој наведува растојание од десет римски милји (14,5 км) до следната станица Пенана, откриена близу Аспровалта.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ ΛΙΜΝΕΣ ΒΟΛΒΗ ΚΑΙ ΛΑΓΚΑΔΑ ΚΑΙ ΣΤΕΝΑ ΡΕΝΤΙΝΑΣ Архивирано на 24 јуни 2014., minenv.gr
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-02. Посетено на 1 декември 2023. Занемарен непознатиот параметар
|arhivedate=
(help); Занемарен непознатиот параметар|arhiveurl=
(help) Δ. Κ. Σαμσάρης, Pennana, Ένας ρωμαϊκός σταθμός (mutatio) της Εγνατίας οδού, Δωδώνη 15 (1986), 1, σ. 75 και σημ. 1.