Рамзи Мекдоналд
Џејмс Рамзи Мекдоналд (англиски: James Ramsay MacDonald; 12 октомври 1866 г. – 9 ноември 1937) ― британски политичар и прв премиер на Обединетото Кралство од редовите на Лабуристичката партија. Бил премиер девет месеци во 1924 година и повторно од 1929 до 1931 година. Од 1931 до 1935 година, бил на чело на Националната влада со мнозинство членови од Конзервативната партија и поддржана од само неколку лабуристи. Како резултат на тоа, Мекдоналд бил исклучен од Лабуристичката партија.
Рамзи Мекдоналд | |
---|---|
Рамзи Мекдоналд ок. 1920s | |
Премиер на Обединетото Кралство | |
На должноста 5 јуни 1929 – 7 јуни 1935 | |
Монарх | Џорџ V |
Претходник | Стенли Болдвин |
Наследник | Стенли Болдвин |
На должноста 22 јануари 1924 – 4 ноември 1924 | |
Монарх | Џорџ V |
Претходник | Стенли Болдвин |
Наследник | Стенли Болдвин |
Лидер на опозицијата | |
На должноста 4 ноември 1924 – 5 јуни 1929 | |
Монарх | Џорџ V |
Премиер | Стенли Болдвин |
Претходник | Стенли Болдвин |
Наследник | Стенли Болдвин |
На должноста 21 ноември 1922 – 22 јануари 1924 | |
Монарх | Џорџ V |
Лидер на Лабуристичката партија | |
На должноста 22 ноември 1922 – 1 септември 1931 | |
На должноста 6 февруари 1911 – 5 август 1914 | |
На должноста 22 јануари – 3 ноември 1924 | |
Претходник | Стенли Болдвин |
Наследник | Стенли Болдвин |
Државен секретар за надворешни работи | |
На должноста 22 јануари – 3 ноември 1924 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | Џејмс Рамзи Мекдоналдс 12 октомври 1866 Лосимут, Шкотска |
Починал(а) | 9 ноември 1937 Атлантски Океан | (возр. 71)
Почивалиште | Црквата Света Троица во Спини |
Партија |
|
Сопружник | Маргарет Гладстон (в. 1896; died 1911) |
Деца | 6 |
Професија | Политичат |
Потпис |
Рамзи Мекдоналд, заедно со Кир Харди и Артур Хендерсон, бил еден од тројцата главни основачи на Лабуристичката партија во 1900 година. Пред 1914 година бил претседател на Лабуристичките пратеници, а во 1922 година станал лидер на Лабуристичката партија. За време на Втората лабуристичка влада (1929–1931) беснеела Големата депресија. Тој ја формирал Националната влада за да ги скрати трошоците со цел да го одбрани златниот стандард, и во 1931 свикал општи избори на кои побарал „докторски мандат“ за да закрепне економијата.
Живот
уредиМекдоналд бил вонбрачно дете. Роден е во Лосимут, Шкотска.[1] Во Лосимут, Рамзи Мекдоналд завршил основно, а потоа и средно училиште. Во средното училиште кратко работел како учител.[1] Во 1885 година, се преселил во Бристол каде што станал член на Социјалдемократска федерација (СДФ).[2] [3] На почетокот од 1886 година се преселил во Лондон.[1] На 13 ноември 1887 година, Мекдоналд на плоштадот Трафалгар бил очевидец на Крвавата недела, по што се појавил во печатена брошура.[1]
Мекдоналд се интересирал за шкотската политика, а првиот предлог-закон за ирско домашно правило од Гладстон го инспирирало формирањето на шкотско здружение за домашно правило во Единбург. Извесно време го поддржувал домашното владеење на Шкотска, но наишол на мала поддршка кај Шкотите од Лондон.[1] Во 1886-1887 година, Мекдоналд студирал ботаника, земјоделство, математика и физика во Биркбек (денес Биркбек, Лондонски универзитет), но непосредно пред испитите, морал да се откаже од своето образование поради влошеното здравје. [4]
Политичка активност
уредиВо 1892, Мекдоналд станал секретар на трговецот со чај Томас Лоу, кој наскоро бил избран во Долниот дом како член на Либералната партија. Мекдоналд набрзо го напуштил Лоу и се приклучил на Лабуристичкото изборно здружение.[5]
Во 1893 година, Кир Харди ја формирал Независната лабуристичка партија (ИЛП) која прераснала масовно движење. Во мај 1894 година Мекдоналд аплицирал за членство и бил прифатен. На 17 јули 1894 година станал кандидат на ИЛП за едно од местата во Саутемптон [6] но бил тешко поразен на изборите во 1895 година. Мекдоналд повторно се кандидирал за Парламентот во 1900 година за едно од двете места во Лестер; загубил и бил обвинет дека го поделил гласачкото тело на либералите за да му овозможи победа на кандидатот од конзервативците.[1] Истата година станал секретар на Претставничкиот комитет на работниците (Labour Representation Committee -LRC), претходник на Лабуристичката партија.[7]
Во 1906 година, Претставничкиот комитет на работниците по спојувањето со Независната лабуристичка партија го променил своето име во „ Лабуристичка партија“. [8] Истата година, Мекдоналд бил избран за пратеник во претставничкиот дом,[9] и станал еден од водачите на парламентарната група на лабористите во домот.
Лидер на партијата
уредиВо 1911 година, Мекдоналд станал формален претседател на Лабуристичката партија, но не се задржал долго на таа функција.[10]
На 5 август 1914 година, непосредно по избувнувањето на Првата светска војна и еден ден по влегувањето на Британија во војната, пацифистот Мекдоналд претседателското место му го отстапил на Артур Хендерсон. [11] И покрај неговото противење на војната, Мекдоналд во декември 1914 година го посетил Западниот фронт.
За време на раната фаза од војната, тој бил мошне непопуларен и бил обвинет за предавство и кукавичлук; така Мекдоналд ја изгубил својата поранешна популарност, а во 1918 година не бил ни реизбран во Долниот дом од неговиот округ.
На исклучително успешните избори за лабуристите во 1922 година (бројот на добиени гласови речиси се удвоил, а бројот на мандати во Долниот дом бил скоро тројно повеќе), Мекдоналд бил избран за пратеник како претставник на една од индустриските области на Велс.[1]
Истата година, Мекдоналд повторно станал лидер на Лабуристичката партија и ги водел на предвремените избори во 1923 година. На нив партијата дополнително ја зацврстила својата позиција и за прв пат во историјата добила можност да формира влада.[12] На 22 јануари 1924,[13] Мекдоналд станал првиот британски премиер од редовите на Лабуристичката партија.
На изборите во 1923 година, конзервативците го изгубија своето мнозинство, а кога изгубија гласање за доверба во Домот во јануари 1924 година, кралот Џорџ V го повика Мекдоналд да формира малцинска лабуристичка влада, со премолчена поддршка на либералите под Асквит од аголните клупи. На 22 јануари 1924 година, [13] тој ја презеде функцијата како прв лабуристички премиер, [14] првиот од работничкото потекло [14] и еден од ретките без универзитетско образование . [15]
Прва влада (јануари 1924 - октомври 1924)
уредиМекдоналд никогаш не бил на функција, но покажал енергија, извршна способност и политичка остроумност. Мекдоналд за себе го зел и ресорот министер за надворешни работи, бидејќи сметал дека една од неговите најважни задачи додека е премиер е да се справи со последиците од Првата светска војна во Европа.[16] Под водство на Мекдоналд, конечно била воспоставена процедурата за исплата на репарации од страна на Германија на земјите победнички. [13]
Друг голем триумф за Мекдоналд била конференцијата одржана во Лондон во јули и август 1924 година за спроведување на Досовиот план.[17] Мекдоналд, го прифатил гледиштето на економистот Џон Мејнард Кејнс дека е невозможно да се исплатат германските репарации вршел притисок врз францускиот премиер Едуард Хериот да направи отстапки за сметка на Германија, меѓу кои и евакуацијата на Рур.[17] [18]
Мекдоналд го признал Советскиот Сојуз и во февруари 1924 година го информирал Парламентот дека ќе започне преговори за договор со Советскиот Сојуз[19] во врска со англо-советската трговија и исплатата на британските обврзници, кои ѝ биле позајмени на предреволуционерната руска влада, а биле отфрлени од болшевиците. Договорите не биле популарни ни кај конзервативците ни кај либералите, и жестоко ги критикувале.[20]
Во областа на внатрешната политика, важно достигнување на Лабуристичката партија било донесувањето на закон за поттикнување на локалните власти да градат станови за нискоквалификувани работници, по што состојбата со домувањето во ОК била подобрена.
Владата на Мекдоналд била принудена да поднесе оставка по обвинувањата дека лабуристите ги спонзорираат радикалните левичари. Мекдоналд го распуштил на парламентот следниот ден и биле закажани нови избори.
На 25 октомври (4 дена пред изборите), во печатот се појавило Писмото на Зиновиев,претседателот на Комунистичката интернационала, (кое повеќето историчари го сметаат за фалсификат), кое содржело повик за субверзивни акции во армијата и морнарицата. Писмото бил значаен фактор за намалувањето на бројот на мандати на лабуристите во Парламентот од 191 на 151 на предвремените избори на 29 октомври и формирањето на конзервативната влада на Стенли Болдвин. [21] [22]
Главното достигнување на првата влада на Мекдоналд било тоа што ги уверила Британците дека Лабуристичката партија не се залага за радикални промени, туку е подготвена да дејствува за општо добро. Во исто време, поради недоволната поддршка од народот и недоволниот број пратеници во Долниот дом, лаборитите не биле во можност да спроведат многу од своите ветувања - особено, не била спроведена широка национализација и програма за јавни работи.
Втора влада (1929-1931)
уредиНа парламентарните избори во 1929 година, лабуристите освоиле мнозинство од мандатите, а Мекдоналд повторно станал премиер. Мекдоналд не успеал да го укине законот од 1927 година за забрана на штрајкови и да воведе 7-часовен работен ден за рударите. Ветувањата за изградба на станови за работниците биле само делумно исполнети, малку бил проширен кругот на лица кои примаат бенефиции, а малку бил и покачен и износот на тие бенефиции. Мекдоналд се обидел да го спречи растот на национално-ослободителното движење во Индија преку свикување конференции на тркалезна маса во Лондон во 1930-1932 година, на кои било разговарано за нова уставна структура за Индија. Во исто време, во однос на доминионите, владата на Мекдоналд мораше да направи сериозни отстапки, кои нашле израз во усвојувањето на Статутот од Вестминстер од 1931 година. Во меѓународните односи, продолжил да води политика на одржување на мирот, особено со склучувањето Лондонскиот договор за ограничување и намалување на поморското вооружување (април 1930 г.), како и (според овој договор) посебен договор меѓу Велика Британија, САД и Јапонија за ограничување на поморското вооружување.[23]
Во 1931 година, поради сериозни финансиски тешкотии предизвикани од Големата депресија со кои лабуристичката влада не можела да се справи, Мекдоналд, заедно со неколку лабуристи, ја напуштил партијата и во август со конзервативците и со дел од либералите ја формирал т.н. Националната влада. Мекдоналд и неговите приврзаници биле исклучени од Лабуристичката партија [24] и на парламентарните избори во октомври 1931 година се кандидирале како претставници на Националната организација на трудот која самите ја основале, и освоиле 13 места. Конзервативците извојувале убедлива победа, освојувајќи 473 од 616 места. Мекдоналд останал премиер до 1935 година, иако неговата позиција ослабела и вистинската моќ преминала кај лидерот на конзервативците Стенли Болдвин, кој во тоа време бил лорд претседател на Советот. Во јуни 1935 година, Болдвин официјално станал премиер, а Мекдоналд ја презел функцијата Лорд Претседател на Советот (на која останал до мај 1937 година), а синот на Мекдоналд, Малколм, станал колонијален секретар.
Мекдоналд починал на пат за Јужна Америка на 9 ноември 1937 година, на 71-годишна возраст.
Семејство
уредиВо 1896 година Мекдоналд се оженил со Маргарет Гладстон. Имале 6 деца. Неговата сопруга починала во 1911 година. Синот Малком станал познат политичар.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Marquand 1977.
- ↑ Bryher, Samual: An Account of the Labour and Socialist Movement in Bristol, 1929
- ↑ Elton, p.44
- ↑ Elton, pp. 56–57
- ↑ Dover Express, 7 October 1892
- ↑ Southampton Times, 21 July 1894
- ↑ Gunther, John (1940). Inside Europe. New York: Harper & Brothers. стр. 335, 337–340.
- ↑ Clegg, H.A;, Fox, Alan; Thompson, A.F.: A History of British Trade Unions since 1889, 1964, vol I, p. 388
- ↑ Leicester Pioneer, 20 January 1906
- ↑ Kenneth Morgan (1987) pp 42–43
- ↑ MacKintosh, John P (Ed.): British Prime Ministers in the Twentieth Century, (1977), p. 159.
- ↑ Neilson, Keith; Otte, T.G. (2008). The Permanent Under-Secretary for Foreign Affairs, 1854–1946. New York: Routledge. стр. 175. ISBN 978-1134231393.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 Bennett, Gill (22 January 2014). „What's the context? 22 January 1924: Britain's first Labour government takes office – History of government – What's the context? series“. history.blog.gov.uk (англиски). The National Archives of the United Kingdom. Посетено на 20 January 2021.
Ramsay MacDonald took office as both Prime Minister and Foreign Secretary of a minority government on 22 January 1924.
- ↑ 14,0 14,1 "Scotland Back in the Day: Remembering the first working-class PM, Ramsay MacDonald, 150 years after his birth", The National.
- ↑ "Ramsay MacDonald", Spartacus Educational, John Simkin, September 1997 (updated February 2016).
- ↑ Bennett, Gill (22 January 2014). „What's the context? 22 January 1924: Britain's first Labour government takes office – History of government – What's the context? series“. history.blog.gov.uk (англиски). The National Archives of the United Kingdom. Посетено на 20 January 2021.
Ramsay MacDonald took office as both Prime Minister and Foreign Secretary of a minority government on 22 January 1924.
- ↑ 17,0 17,1 Marks, Sally (1978). „The Myths of Reparations“. Central European History. 11 (3): 231–255. doi:10.1017/s0008938900018707.
- ↑ Steiner, Zara (2005). The lights that failed : European international history, 1919–1933. Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-151881-2. OCLC 86068902.
- ↑ Curtis Keeble (1990). Britain and the Soviet Union 1917–89. Palgrave Macmillan UK. стр. 117. ISBN 9781349206438.
- ↑ Lyman, The First Labour Government, 1924 pp. 195–204
- ↑ Taylor 1965.
- ↑ C. L. Mowat (1955). Britain Between the Wars, 1918–1940. Taylor & Francis. стр. 188–194.
- ↑ Morgan, Kevin. (2006) MacDonald (20 British Prime Ministers of the 20th Century), Haus Publishing, ISBN 1-904950-61-2
- ↑ Andrew Thorpe, "Arthur Henderson and the British political crisis of 1931." Historical Journal 31#1 (1988): 117–139.
Надворешни врски
уреди- Hansard 1803–2005: contributions in Parliament by Ramsay MacDonald
- Ramsey MacDonald – 1924 First Labour Government – UK Parliament Living Heritage
- A left-wing criticism of Macdonald's career Архивирано на 27 февруари 2020 г. Socialist Review
- More about Ramsay MacDonald Prime Minister's Office
- Ramsay MacDonald Papers, 1893–1937
- Портрети на {{{name}}} во Националната портретна галерија во Лондон (англиски)
- Newspaper clippings about Ramsay MacDonald in the 20th Century Press Archives of the ZBW