Државен секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство

Државниот секретар за надворешни и комонвелтски работи (англ. Secretary of State for Foreign and Commonwealth Affairs или само Foreign Secretary, „Секретар за надворешни работи“) е шефот на дипломатијата во британската влада кој стои на чело на Министерството за надворешни работи (Foreign and Commonwealth Office, „Служба за надворешни и комонвелтски работи“) одговорен за надворешните односи со другите земји и сите работи поврзани со Комонвелтот и британските прекуморски територии, застапувајќи ги британските интереси во странство.

Државен секретар за надворешни и комонвелтски работи на Обединето Кралство
Грб на британската влада
Функционер
Вилијам Хејг

од 11 мај 2010 г.
ЗвањеПречесен
(The Right Honourable)
НазначувачПремиер
Прв функционерЧарлс Џејмс Фокс
Создадена27 март 1782

Функција

уреди

Функцијата „Државен секретар за надворешни работи“ е создадена со реорганизација на владата во 1782, при што функциите Државен секретар за Северот и Државен секретар за Југот станале министерства за внатрешни и надворешни работи. Функцијата „Државен секретар за надворешни и комонвелтски работи“ настанала во 1968 г. со обедединувањето на фунциите Секретар за надворешни работи и Секретар за комонвелтски работи во едно министерство. Претходник на министерството за надворешни работи е Министерството за Индија (India Office).

Секретарот за надворешни работи е член на кабинетот и функцијата се смета за една од т.н. „големи државни функции“ (Great Offices of State). Министерството се наоѓа во Вајтхол. Официјалните резиденции се Карлтонскиот Дом (1 Carlton Gardens) во Лондон и Чивнинг во Кент. Со преструктуирањето на кабинетот во 2006 г. Маргарет Бекет станала првата жена на оваа функција.

Тековниот Секретар за надворешни и комонвелтски работи е Вилијам Хејг како составен дел од кабинетот на премиерот Камерон[1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ник Клег е поставен за заменик британски премиер, а Вилијам Хејг за министер за надворешни работи“. Алфа ТВ. 12 мај 2010. Посетено на 2 јули 2010.[мртва врска] (македонски)

Надворешни врски

уреди