Религија во Турција
Исламот е најголема религија во Турција каде 99% од турското население се муслимани, Од нив 75% припаѓаат на сунитите а додека останатите се шиити[1]. Покрај нив, има и бектеши, религиска група по потекло од самата Турција но присутна и во останатите балкански држави. Исламот навлегол во регионот во 6 век. Пред доаѓањето на исламот, регионот бил под влијание на христијанството и еврејството. Така, денес во Турција има доста живописни џамии, цркви и синагоги. Останатиот процент на населението се христијани, евреи и језидизми [2]. Турција има секуларен устав, и нема официјална религија [3]. Турскиот секуларен систем е сличен со францускиот систем. Исто така, уставот гарантира слобода на вероисповед и верските заедници не можат да се мешаат во законодавната, извршната и судската власт. Во Турција е забрането носење шамии и слични религиски обележја на јавни места [4].
Ислам
уредиИсламот е најголема религија во Турција каде 99% од турското население се муслимани, Од нив 75% припаѓаат на сунитите а додека останатите се шиити[1]. Над 20% од вкупниот број на население се шиити.[5].Освен овие две муслимански организација, во Турција живеат и муслиманските Бекташи во помал број.
Денеска во земјата постојат илјадници историски џамии кои се сѐ уште активни. Едни од најпознатите џамии од османлиско време е Султан Ахмедовата џамија и Сулејмановата џамија во Истанбул, Селимовата џамија во Едрене, џамијата Јешил во Бурса, Алаединската џамија во Конија, Дивриги џамија во Дивриги и многу други. Големи џамии кои биле изградени во периодот по создавањето на Република Турција се џамија Коџатапе во престолнината Анкара и џамија Шабанџи Меркез во Адана.
Други религии
уредиОстатокот од населението му припаѓа на други религиозни организации, особено христијански (Првославна црква, Ерменска Апостолска црква, Сириска православна црква итн.), и Јудаизмот (најчесто Сефардиски Евреи) [6] Турција заедно со градот Истанбул (тогаш Цариград), во историјата на христијаните била седиште каде се наоѓала Вселенската патријаршија [7]
Постојат голем број цркви и синагоги низ целата земја. Позначајни и поголеми цркви се црквата Свети Георги, Катедрала на Светиот Дух во Истанбул, синагогата Нев Шалом, Италијанската синагога и Ашкенашката синагога во Истанмбул. Исто така постојат и многу објекти кои во минатото биле претворени или во џамија или во музеј, како на пример црквата Света Софија и црквата Исус Спасител во Истанбул.
Секуларност
уредиТурција има секуларен устав, без официјална државна религија.[8] Устав на Турција|Уставот ја признава слободата на религијата за поединечни религиозни групи, додека верските заедници се ставени под заштита на државата и истите немаат право да се вклучат во политичкиот процес на државата (на пример, формирање религиозна партија). Ниту една политичка партија нема право да се определува како религиозна, иако како такви се сметаат конзервативните партии.[9][10] Во Турција е забрането носење шамии и слични религиски обележја на јавни места [4].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Bureau of European and Eurasian Affairs - Background Note: Turkey
- ↑ United Nations Population Fund (2006). "Turkey - A Brief Profile". United Nations Population Fund. Посетено на 27 декември 2006.
- ↑ Headscarf row goes to Turkey's roots. BBC News. 2003-10-29.
- ↑ 4,0 4,1 The Islamic veil across Europe", British Broadcasting Corporation (17 ноември 2006). Посетено на 13 декември 2006.
- ↑ Shankland, David (2003). The Alevis in Turkey: The Emergence of a Secular Islamic Tradition. Routledge (UK). ISBN 0-7007-1606-8.
- ↑ United Nations Population Fund (2006). „Turkey - A Brief Profile“. United Nations Population Fund. Посетено на 2006-12-27.
- ↑ The Patriarchate of Constantinople (The Ecumenical Patriarchate) Архивирано на 9 јануари 2010 г. by Ronald Roberson
- ↑ Headscarf row goes to Turkey's roots. BBC News. 2003-10-29.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеTR_Secularism
. - ↑ Çarkoglu, Ali; Rubin, Barry (2004). Religion and Politics in Turkey. Routledge (UK). ISBN 0-4153-4831-5.