Религија во Либија
Далеку од доминантна религија во Либија е исламот. Припадници на оваа религија се 97% од вкупниот број на население.[1] Најголемиот дел од либијските муслимани се приврзаници на сунитскиот ислам. Од 5% до 10% пак се дел од ибадитскиот ислам.
Пред 1930-тите, Сенуското движење било основно во земјата. Оваа движење главно го практикувало пустинскиот начин на живот. Оваа исламско движење било уништено од страна на италијанската инвазија, како и од страна на владата на Гадафи.[2] Денеска, самиот водач на земјата, Моамер ел Гадафи, се смета за побожен муслиман и смета дека неговата влада игре голема улога во исламскиот свет во Северна Африка[3].
Освен муслиманите, во земјата живеат и мал број на христијани. Од нив, Коптите и Египетската црква се најбројни. Во Либија живеат повеќе од 60.000 коптски христијани, односно околу 1% од населението.[4][5] Во Либија живеат ѝ околу 40.000 католици, чии заедници се наоѓаат во Триполи и Бенгази. Исто така постои и мала англиканска заедница, составена претежно од африканско население во Триполи.
Либија е дом на една од најстарите еврејски заедници на светот, кои датираат од околу 300 години пред нашата ера.[6] Во 1 век, еврејскиот историчар за Римското Царство, Јосиф Флавиус, истакнал дека 500.000 Евреи живеат во Либија. Во 1942 година, под притисок на фашистичка Италија, либијските муслимани создале неколку логори јужно од Триполи. Истата година, само во Гиадо починале околу 500 евреи од глад. Во текот на 1942 година, сите евреи на возраст од 18 до 45 години биле повикувани на принудителна работа. Во регионот на Триполитанија, околу 350 евреи биле депортирани од страна на Италијанците.
Либија од Италијанците била ослободена на 23 јануари 1943 година. Во текот на т.н. тридневен прогон, околу 140 евреи биле убиени од страна на муслиманите, а неколку стотици биле прогонети. Ова довело до драстично намалување на бројот на евреите во земјата[7]. Во 1948 година во земјата имало околу 38.000 евреи. По прогласување на независност на Либија, голем дел од еврејската популација ја напуштила земјата.
Наводи
уреди- ↑ Religious adherents by location, "'42,000 religious geography and religion statistics', Libya" Архивирано на 29 декември 2014 г. Adherents.com. Retrieved July 15, 2006.
- ↑ Federal Research Division of the Library of Congress, (1989), "The Sanusis", U.S. Library of Congress. Retrieved July 22, 2006.
- ↑ Federal Research Division of the Library of Congress, (1989), "Islam in Revolutionary Libya", US Library of Congress. Retrieved July 19, 2006.
- ↑ Tore Kjeilen. „Looklex Encyclopedia: 1% of Libya's population (6.1 million) adhere to the Coptic Orthodox faith“. I-cias.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-05-02.
- ↑ "International Religious Freedom Report: Libya" Jewish Virtual Library. Retrieved July 19, 2006.
- ↑ The World Jewish Congress, "History of the Jewish Community in Libya" Архивирано на 25 април 2013 г., University of California at Berkeley. Retrieved July 16, 2006.
- ↑ Harris, David A. (2001), "In the Trenches: Selected Speeches and Writings of an American Jewish Activist", 1979–1999, pp. 149–150