Хашомер Хацаир (во превод: Младиот стражар) била еврејска младинска прогресивна организација во Македонија. Била активна во сите поголеми центри во Македонија со еврејско население. Дејствувала во периодот од 1921 до 1943 година. Во Штип кенот имал околу 30 членови, го раководител Аврахам Алберто Барух Цион. Во 1931 година во Битола бил основан кен со околу 400 членови, со седиште во просториите на еврејското училиште „Ла скулика де ла калежа“.[1] Организацијата развивала воспитно-образовна дејност, изучување на хебрејскиот јазик и приближување кон природата со организирани логорувања (махана). Заедничката цел била да се подготвува младината за заминување во кибуците во Ерец Израел.[2]

Наводи

уреди
  1. Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993
  2. Mark Cohen, Last Century of a Sephardic Community. The Jews of Monastir 1839–1943, New York, 2003