Рафаел Попов
Рафаел Попов бил преродбеник од Бугарија, учесник во борбата за независна бугарска црква. Во 1860 година како епископ на Бугарската егзархија тој станал унијат, а подоцна (1864 година) и апостолски администратор на бугарските унијати во Отоманското Царство.[1]
Животопис
уредиТој е роден во 1830 година во Стрелча. Во периодот 1849 - 1851 година бил учител во селото Попинци, од 1851 година учителствувал во Пловдив, а од следната година - во селото Поибрене. На 24 август 1854 година го прифатил духовен чин во Карлуковскиот манастир „Света Богородица“, Плевенско и бил назначен за монах. Три години учителствувал во Берковица. Во почетокот на јануари 1859 година отишол во Рилскиот манастир и го прифатил предлогот на Авксенти Велешки да биде ракоположен за ѓакон. Во декември истата година двајцата пристигнале во Цариград. На 3 април 1860 година служел заедно со Иларион Макариополски за време на Велигденската акција кога бил одбиен грчкиот патријарх и била прогласена еднострано независна Бугарска егзархија. На 18 декември 1860 година учествувал во свеченото доделување на актот за присоединување во Цариград и се вклучил во бугарската унија. Учествувал во делегацијата на католиците од источен обред кај папата Пиј IX во пролетта 1861 година. По киднапирањето на првиот бугарски унитјаски епископ Јосиф Соколски во 1861 година во Русија, преземал неговите функциите. Во 1862 година станал унијатски бугарски архимандрит. На 10 февруари 1864 години со берат на Високата порта отец Рафаел Попов бил назначен за „народен старешина (милет-баши) на Бугарите, соединети со Римокатоличката црква“. На 14 март 1864 година папата го назначил Рафаел Попов за апостолски администратор на Соединетите Бугари. На 19 ноември 1865 година бил ракоположен за епископ во соборниот храм „Свети Јован Златоуст“ во Цариград.
На почетокот на следната година неговото епископско седиште се утврдило во Едрене. Новиот епископ развил енергична активност. Голема помош му дал неговиот брат Софрониј, кој бил испратен во Цариград да раководи со канцелариска работа на општината и да остварува врската со апостолскиот делегат Брунони. Две години подоцна, поради големата потреба од свештеници Рафаел Попов го ракоположен неговиот брат за свештеник и го испратил да се грижи за парохијата во Покрован. Во април 1866 година Рафаел Попов пропатувал во Македонија и Тракија. Во 1869 - 1870 година отишол во Рим за да учествува во расправата на Првиот Ватикански собор, кој ја промовирал папската непогрешност за прашањата за верата. Свиете успеси, и особено изгледите за ново проширување на унијатското движење. Епископот Рафаел Попов владеел со бугарскиот источнокатолички викаријат 11 години. На 23 февруари 1876 година рано наутро одржал литургија, а потоа отишол во Меджлисот. При враќањето од таму тој имал сили само да каже дека во вилаетското управување бил послужен со слатко. Според приврзаниците на унијатското движење во Бугарија, се смета дека бил отруен од Грците. Тоа убедување се зајакнува од фактот дека неговиот брат Софрониј, кој бил сметан за заменик во управувањето на бугарско-унијатските дела, умрел ненадејно на 19 мај 1876 година со истите симптоми. Епикопот бил погребан во Одринската источнокатоличка епископска катедрала „Свети Илија“.
Наводи
уредиЛитература
уреди- Владиката Христо Пројков: Послание по повод 150 годишниот јубилеј од присоединувањето кон Католичкатата црква.[мртва врска]
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |