Надвозникмост над вкрстувањето на две сообраќајници (патнички или железнички) со кој едната сообраќајница, издигната над земјата, се преведува над другата која лежи на нивото на земјата.[1][2] Со тоа се овозможува непречен сообраќај на двете сообраќајници.[3]

Надвозници близу Барселона

Надвозник е всушност дел од патот што поминува над патишта, пруги, пешачки патеки или велосипедски патеки. Објектот каде поминува патот под надвозникот се нарекува подвозник.

Во случај на надвозници, важна карактеристика е дозволеното оптоварување или тежина што треба да се напише на сообраќајниот знак пред надвозникот. Дозволеното оптоварување е важно за возилото да не го оштети надвозникот со својата тежина.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „надвозник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „надвозник“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „nadvožnjak“. Hrvatska enciklopedija, mrežno izdanje. Leksikografski zavod Miroslav Krleža, 2021. Посетено на 13 јуни 2021.