Ранохристијанска епископија (Стенче)

Ранохристијанска епископија с.Стенче е најстаратата позната ранохристијанска епископија во Република Македонија и досега најстарата позната ранохристијанска црква во Полог која се наоѓа на археолошкото наоѓалиште Градиште, кај селото Стенче, оддалечено 12 км. од Гостивар.[1] Најсигурна потврда за тоа се трите ранохристијански крстилници крај црковниот комплекс од истиот период - крајот на 4 и почетокот на 5 век.

Факти

уреди
  • На ниедно друго место во Македонија не постојат три посебни крстилници, изградени за еден ранохристијански црковен комплекс. Вообичаено било да има една крстилница, која со текот на времето била проширувана или ремоделирана на истото место.[1].
  • И покрај тоа што во Стенче нема монументален ранохристијански објект како во Скупи, Стоби, Хераклеја и во Лихнид, откритието во доцноантичкиот град кај Стенче е редок научен феномен.[1].

Местополжба и содржина

уреди

Ранохристијанската епископија од Стенче била сместена во највисокиот дел од античкиот град, кој бил изграден на врвот од ридот Градиште. Неговата егзистенција, се должела на мошне живата патна комуникација со јужните делови на Полог. Црковниот комплекс се состои од неколку простории, а најголем е наосот - местото каде што стоеле верниците. Во црквата, археолозите откриле мала конструкција на внатрешна крстилница. Втората крстилница е сосема кружна и во неа се слегува преку две скалила.

Третата крстилница е најголема и веројатно најмлада. Таа била оформена врз доцноантичкиот градски ѕид. Веројатно била изградена поради зголемената потреба од покрстување во регионот. Претходните две помали крстилници не можеле да ги задоволат потребите од покрстувањето - вели Лилчиќ.

Дното на крстилницата (писцина) имало крстовидна основа. Кандидатите за покрстување до неа слегувале по високи скалила од северната страна, со симболиката на северното сатанско студенило на грешниот живот и, по примањето на Светиот Дух, излегувале како новородени, по исто така високите скалила кон источната страна на раѓањето на Сонцето. Ѕидовите на крстилницата однатре биле премачкани со црвен малтер.

На две места била украсена со врежани типични јустинијановски крстови со проширени краеви. За жал, тие се зачувани само во долните краци, бидејќи горните делови од ѕидовите со текот на времето биле урнати.

Гратчето било силно утврдено место во доцната антика. Имало услови за урбан живот - објекти за живеење, за религиозни потреби и цистерна за вода. Објектите што биле на акрополата биле заштитени со ѕидишта, а под нив имало уште една населба.[2]

Покрај градот минувал стариот рударски пат наречен Стамбол-џаде, кој водел од Охрид преку Скопје до Истанбул. Од тврдината жителите го контролирале патот. Ова е еден од ретките наоѓалишта на кој пронаоѓаме многу движни наоди - монети, фрагменти од керамика, ножеви и друго.

Во регионот на Полог постоеле најмалку 11 матични ранохристијански црковни центри и тоа кај селата Рогле, Орашје, Јегуновце, Лешок, Белоиште, Шипковица, Палчиште, Градец, Равен, Стенче и во Горни Челопек.[1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Институтот за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје, проф. Виктор Лилчиќ
  2. Стојан Костадиновски, виш кустос во Тетовскиот музеј

Надворешни врски

уреди

Откриена најстарата епископија во Полог Архивирано на 5 март 2016 г. (Натпис во Дневник)