Рамазан Асаноски
Рамазан Бајрамов Асаноски ( 1922 во Кичево — 1944 на Шар Планина) — македонски партизан од исламска вероисповест, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Рамазан Асаноски | ||
Роден | 1922 година Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | ноември, 1944 година Шар Планина, Македонија |
Животопис
уредиПо занимање бил свирач. За време на окупацијата неколку време живеел во селото Дебреште (Прилепско), а во 1944 година се вратил во Кичево и во есента 1944 година се приклучил во редовите на Првата македонска бригада. Загинал во ноември 1944 година на Шар Планина во борба со балистите.[1]