Добре дојде!

Здраво, Nesho, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Здраво

уреди

Здраво Нешо! Те молам немој да преправаш статии (зборувам за Окарина на времето) без образложение. Ако сакаш да дискутираш за нешто, секогаш можеш да се искажеш на страницата за разговор, но вака не можеме никогаш да се разбереме. Јас ја вратив страницата бидејќи имаш грешки во твоите преправки, не затоа што сум тврдоглав ;) Исто така, ако ти треба помош за нешто или ако не си сигурен за нешто (особено за јазикот), слободно прашај ме! Поздрав, Поречанец 00:33, 11 јули 2007 (UTC)

Мило ми е што убаво ме сфати, се плашев дека нема така да ме сфатиш :). Многу ми е мило што се обидуваш да придонесеш кон македонската википедија, и тоа токму во областа што ти се допаѓа - игрите! Проблемот е што премногу малку корисници се имаат регистрирано, за разлика од бугарската, албанската, а да не зборуваме за поголемите википедии, и за жал, навистина е мал напредокот што го правиме, но затоа сме тука ние да направиме разлика ;). За Final Fantasy, слободно преведи сѐ што пишува на англиската верзија, нема ништо што не би требало да стои, а ако имаш и да додадеш, веројатно нема да направиш никаков проблем. Ако те интересира нешто за форматирањето, врските и сл, слободно прашај!
Инаку, не е проблемот во грешките, не ми е тешко да ги поправам, единствено мислам дека треба да знаеш дека македонскиот правопис наложува да се преведуваат странските имиња, а насловите - тие што можат, исто така да се преведуваат, тие што не можат, речиси секогаш се транскрибираат (во кирилично писмо), а постојат и такви зборови што се пишуваат исто како во странскиот јазик (на пр. некои латински изрази).
Конкретно за овој случај со игрите, да бидам искрен, не сум сигурен како би било најисправно, како што не се сигурни ни лингвистите, некои се за транскрипсција, некои за изворното име, но сепак, мислам дека според правописот треба да се преведуваат (како филмовите). Јас лично мислам дека најправилно е главната статија да се вика Ocarina of Time, а Окарина на времето да се пренасочува кон неа, но не знам дали сите се сложуваат со тоа. Бидејќи преводот е слободен, може да биде и Легендата на Зелда, и Зелдината легенда итн, но сигурно правото име е The Legend of Zelda.
За пребарувањето: нема врска дали е на латиница или на кирилица; во најголем број случаи, проблемот е со малите и големите букви. Погледни и на англиската википедија - „The Legend Of Zelda“, „The legend of zelda“ итн. сите се пренасочени кон „The Legend of Zelda“, бидејќи така е најправилно, така што кога корисникот ќе пребарува за таа игра, како и да напише, ќе го добие истиот резултат. Сега го направив тоа и на нашата википедија - како и да напишеш (и само Окарина на времето), ќе те однесе на истото место - The Legend of Zelda: Ocarina of Time. Се надевам дека ме сфаќаш, во случај да не сум јасен (не ме бива многу за објаснување), слободно прашај ме!
Исто така, во случај да преведеш лошо, ако се сетиш, можеш да го ставиш шаблонот {{внимание}} којшто им дава на корисниците до знаење дека на страницата ѝ е потребно форматирање и преуредување. А за јазикот, сега за сега можам само да ти речам дека „така да“ е многу неправилна (непостоечка) „фраза“ :D, најблискиот македонски соодветен израз за српското „тако да“ е „така што“. Има огромно значење за граматиката, потруди се да запомниш. И те молам, на крајот од секој коментар (било каков текст во страниците за разговор, оставај четири тилди (~~~~), со тоа автоматски ќе се впише твојот потпис и времето и датумот на пораката (како на крајот од мојава порака). Поздрав, Поречанец 23:24, 11 јули 2007 (UTC)
П.С. СЛУЧАЈНО да не живееш во Брвеница? :D Онака, случајно...

Шаблон:Инфокутија Компјутерска Видео Игра Лик

уреди

Нема проблем, шаблонот е категоризиран (на крајот имало отворен коментар <!--- и затоа не работел како што треба). Не те сфатив убаво дали само тоа беше проблемот, ако ти треба било што друго, викај! ;) Поречанец 20:16, 25 август 2007 (UTC)

Ѕвезда

уреди

Не е глупаво прашањето, немој никогаш да се двоумиш дали да ме прашаш нешто! Се изговара и се пишува „ѕвезда“. На српски е „звезда“, можеби затоа си се збунил, ама има и многу Македонци кои отсекогаш зборуваат македонските и пак не знаат како се вика. Инаку, ѕвезда, ѕуница, ѕвоно, обѕир, итн... Поздрав. Поречанец 22:09, 18 септември 2007 (UTC)

Видов дека за Сандра веќе Милош средил со преместувањето, јас ја уредив статијата (ја исправив и додадов...) до пола, уште малку ми остана, ама многу ми се спие сега, утре тоа :)
Final Fantasy VII Advent Children, хмм... „Advent“ во суштина значи „исчекување“ (како на пример чекање на спасител; веројатно го знаеш ова), веројатно има и некој посоодветен збор, ама не ми текнува ништо сега. Е сега, за „Advent Children“ можеби би поминало „деца во исчекување“ или слично, ама не е ни толку битно тоа. Секаде пишувај ја играта вака (код): „''Final Fantasy VII Advent Children''“ (излез: „Final Fantasy VII Advent Children“), само на почетокот на статијата во загради напиши превод, нешто вака (код): ([[Македонски јазик|македонски]]: „Крајна фантазија VII Деца во исчекување“) (излез: (македонски: „Крајна фантазија VII Деца во исчекување“)) или како и да го преведеме. Тоа е чисто за да знаат луѓето што значи адвент чилдрен, зашто не секој знае англиски, нели? :) Во секој случај, пишувај го името како што е изворно, но со наводници и, кога веќе Господ нѝ дал, со закосени букви. Ак’ ти требе нешчо друго, слободно запрашај ме ;) Поречанец A? 03:03, 22 септември 2007 (UTC)

Предлог редизајн на Главна страница

уреди

Кажи го твоето мислење на порталот. --Милош 19:58, 23 септември 2007 (UTC)

Статија Македонци

уреди

Здраво. Те молам кажи го твоето мислење тука. Поздрав. Revizionist 18:21, 05 октомври 2007 (UTC)

Македонски јазик на Google Translate

уреди

Здраво. Баш ми е мило што имаме заинтересирани луѓе за таа иницијатива. Види ја оваа група што е на Google Groups и тука имавме мала но не баш ентузијазна дискусија. Најпрво треба да се направи македонско-англискиот и англиско-македонскиот речник на зборови (што повеќе зборови тоа подобро) а потоа треба да се напишат некои граматички правила што се потребни за превод. Откако овие два услова ќе бидат пополнети се доставуваат датотеките го задолжениот тим на Гугл и се поднесува барање за македонскиот јазик. Горе долу, ова е сѐ, но сепак имаме потешкотии да се направи речникот. За подетлани информации можеме да зборуваме на групата со останатите членови па да видиме што ќе направиме. Поздрав и сѐ најдобро. -- MacedonianBoy  Oui? 18:55, 7 јануари 2009 (UTC)

10 години Википедија

уреди
        Здраво, Nesho!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:13, 13 јануари 2011 (CET)Одговори

Покана за Вики средба

уреди
      Здраво, Nesho!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:31, 4 јуни 2011 (CEST)Одговори