Aniston87
Добре дојде!
Здраво, Aniston87, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}}
пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!
--Филип што бе? 01:05, 18 јануари 2008 (СЕВ)
За сликата која ја подигнавте
уредиЗдраво! Ви се обраќам за сликата која ја подигнавте, Слика:Felicity-huffman-big.jpg (за актерката Фелисити Хофман). Кога го наведувате изворот на сликата, секогаш додадете директна врска до сајтот на која сте ја нашле. Наместо да напишете дека сте ја нашле сликата на Yahoo! Movies, едноставно додадете '''Извор''':[http://movies.yahoo.com/movie/contributor/1800026107/photo/602465]
. Еден мал совет при подигањето на сликите - користете ги оние на англиската википедија. На пример, Ви треба слика за Фелисити Хофман. en.wikipedia.org, кликате search, Felicity Huffman, гледате слика, клик на слика. И ќе ви испадне оваа слика - Huffman cropped.jpg. Ако пишува под сликата „This is a file from the Wikimedia Commons. The description on its description page there is shown below.“ тоа значи дека сликата се наоѓа во Заедничката ризница, нема потреба од нејзино подигање и само го користите името на сликата како таа да е веќе подигната. Тоа е и случајот со оваа слика која Ви ја давам за пример, па со тоа може да се избегнат непотребни компликации поврзани со авторските права. Ако го нема тој текст (дека припаѓа сликата на Wikipedia Commons), подигнете ја овде на мк.вики, а за лиценца и опис, едноставно кликнете на edit на англиската слика и копирајте го истото при описот кога ја подигате овде. Текстот само преведете го и тоа е сѐ. Не мора да го преведувате текстот на шаблонот за лиценца или пак за опис-табелата, ги правиме така што тие пренасочуваат кон нашите лиценци. За да избегнеме комликации, ќе ја користиме во статијата сликата од заедничката ризница, а оваа ќе ја избришиме. Ако имате било какви прашања во врска со подигнување на слики, или за било што, слободно прашајте ме. Поздрав и добро уредување, --Brainmachinewtf? 22:57, 18 јуни 2008 (UTC)
- Во контекст на ова, беа избришани неколку заштитени слики, бидејќи правилото за праведна употреба не важи кога тие се заменливи со слободни слики (односно слики од Ризницата). Секогаш кога подигнувате заштитена слика, проверете да не постои слободна слика (обично таквите можете да ги најдете на статиите на англиската Википедија). --iNkubusse A? 13:14, 20 јуни 2008 (UTC)