Разговор:Страхил Андасаров

Последен коментар: пред 3 години од Ehrlich91 на темата Наслов на страница

Наслов на страница

уреди

Ehrlich91 дали ќе може страницава да биде реименувана само во Страхил Андасаров, без татковото име. Ти благодарамForbidden History (разговор) 19:36, 13 декември 2020 (CET)Одговори

Ehrlich91, најдов литература за Скопска Црна Гора, вклучувајќи го Љубанци и читам дека членовите од фамилијата на Страхил Андасаров ги именува како Андасарски. Па прашањето ми е дали постои некаква опција некаде да се додаде (под името на страната), пренасочувач, ако некој пребарува Страхил Андасарски, да го води кон оваа страница. Во оваа книга и самиот Страхил е заведен како Андасарски (па бидејќи не знам како е правилно да стои неговото презиме-во две книги е различно), можеби е најдобро со пренасочувач да ја прикажува оваа страница.Ти благодарам, Forbidden History (разговор) 12:20, 3 јануари 2021 (CET)Одговори
Родот (семејството и предците) на Страхил е Андасарци, па можеби затоа некаде е така забележан. Можеш да направиш пренасочување, не е грешка. Воедно вметни го и во делот личности во самото село Љубанци. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 18:22, 3 јануари 2021 (CET)Одговори
Ehrlich91, Проблемот е што не знам како тоа да го направам? Дали треба да креирам страница (Страхил Андасарски), со такво презиме и на неа да се постави пренасочување кон оваа или како оди тоа? Дали би можел да го направиш ти, па јас ќе знам за во иднина ако налетам на ваква ситуација. Повторно извини и повторно ти се заблагодарувам, што излегуваш во пресрет на моето неснаоѓање :). Forbidden History (разговор) 08:05, 4 јануари 2021 (CET)Одговори
@Forbidden History: Во иднина те молам споменувај ме (види во самата содржина на разговорот кај јас тебе), за да можам веднаш да видам. Пренасочувањето воедно е направено, можеш да прегледаш. Инаку, да, треба на начинот како што си напишал, да пребараш, да видиш дека нема таква страница и да ја создадеш како пренасочување. --Ehrlich91 (разговор) 21:44, 15 јануари 2021 (CET)Одговори
Назад на страницата „Страхил Андасаров“.