Разговор:Правопис и правоговор на македонскиот јазик

Оваа статија е дел од ВикиПроект Јазици, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за јазици. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Вандализам

уреди

Некој 85.74.25.108 на 1. јуни 2008. напишал неколку збора на бугарски, не знам точно што му значи „Използжана при Македонския Диалект“ но во секој случај не е содржина што се вклопува во статијата. Ги поништив тие две ревизии. --Crnorizec 07:36, 2 јуни 2008 (UTC)

Беше напишано „Азбука Използжана при Македонския Диалект“ што значи „Азбука што се користи за македонскиот дијалект“ хаха :) Немај гајле, тоа на англиски се вика „blatant vandalism“ и треба да се отстрани што поскоро, од било кого и без никакво објаснување. --iNkubusse A? 09:41, 2 јуни 2008 (UTC)

Слеано или...

уреди

Што пишуваат лингвистите за сè уште/сеуште, кој што/којшто, чиј што/чијшто, туку што/тукушто и што туку/штотуку? Може ли некој да даде цитат? Ако „сè уште“ се пишува одделено, како ќе кажеме „све се још увек мења“ на македонски? --203.221.86.92 14:00, 11 септември 2008 (UTC)

Ако се само прифатени формите како глава, човек, правам, итн., би требало да пишуваме „това“ наместо „тоа“?
Тогаш или тогај? Дали имаат посебни нијанси како српските онда и тада? Едвај или одвај?
Мене статијата ми е пишувана од правописот. Отсекогаш било „сѐ уште“, иако многупати се греши. „Све се још увек мења“ - Сѐ сѐ уште се менува. Тогаш е правилно. Едвај и одвај, обете се користат. Којшто, чијшто, тукушто, штотуку е правилно. --Игор 19:10, 11 септември 2008 (UTC)
Назад на страницата „Правопис и правоговор на македонскиот јазик“.