Разговор:Националсоцијализам
Последен коментар: пред 1 година од ГП на темата Оспорена неутралност
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Националсоцијализам“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Оспорена неутралност
уредиВториот пасус на делот Нацизмот како идеологија содржи прилично едностран поглед на нештата, наведувајќи ги читателите да добијат крајно историски неточен заклучок дека нацизмот е социјалистичко движење. Фашизмот и нацизмот (кој во својата основа е фашизам со радикални расистички и антисемитски елементи) покрај својата карајно десна социјална природа се наоѓаат во десниот економски спектрум. [1] [2] Според мене делов не треба воопшто да стои, но не би преземал таква мерка додека не се постигне консензус или додека не подготвам соодветна замена за пасусот. — Pta345MK (разговор) 11:37, 23 април 2021 (CEST)
- Здраво PTa345MK,
- Бидејќи јас го додадов овој пасус, ќе си земам слобода да дадам дополнително објаснување: Пасусот е ставен во делот каде се објаснува нацистичката идеологија. Притоа, наведеното не ниту мое видување, ниту пак став на некој нерелевантен извор. Напротив, во пасусот е јасно наведено дека тоа е став на Фридрих фон Хајек, кој е ептен голем и познат економист и политички философ, добитник на Нобеловата награда. Се надевам дека тоа е доволна гаранција за тоа дека изнесените ставови не се произволни, иако се разбира, не мора секој да се согласи со нив. Овде ќе наведам дека овој став е земен од едно познато дело на Хајек кое во голема мера е посветено на анализа на нацистичкиот режим и нацистичката идеологија. Намерата на пасусот не е да даде дефинитивна оцена за нацизмот. Напротив, тој е ставен само како дел од насловот за нацистичката идеологија кој во иднина ќе се дополни од други уредувачи, кои ќе ги наведат ставовите на други мислители. Впрочем, вечерва ќе ставам и дополнителен пасус за нацизмот во кој се изразени ставовите на уште еден голем мислител, Ерих Фром. На тој начин, само ќе ја збогатам статијата, а тоа можат да го направат и другите уредувачи. Оттука, не се согласувам дека пасусот треба да биде избришан. Напротив, тој треба да биде дополнет со други ставови (поткрепени со соодветни релевантни извори) и така читателите на оваа статија ќе добијат вистинска и потполна претстава за нацистичката идеологија.
- Поздрав, ГП (разговор) 22:39, 25 септември 2023 (CEST)