Разговор:Метрополитенска област

Последен коментар: пред 8 години од Ehrlich91 на темата Именување

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • Податотека наместо Image, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 01:41, 27 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

Именување

уреди

@ГП: @P.Nedelkovski: Здраво, бидејќи повлековте тема за именувањето на „метрополитенска област“, а имајќи статија за ваква тема и бидејќи овој термин не се употребува само кај Хелсинки, би ве замолил тука да продолжиме со дискусија и да го решиме нејзиното именување. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 11:52, 13 февруари 2016 (CET)Одговори

П. Неделковски 13:40, 13 февруари 2016 (CET) Како што претходно наведов придавка од „метропола“ треба да биде „метрополски“, не „метрополитенски“(Образување на придавките, метропола). Инаку за мене е прифатливо и „метрополска област“ - во географските поими за Франција се користат фрацуските поими департман, арондисман...
@Ehrlich91: @P.Nedelkovski:Претпоставувам дека во конкретната статија за Хелсинки, изразот „метрополитенска област“ е ставен како буквален превод од англискиот израз „Metropolitan area“, а тоа ја означува пошироката област на одреден град. Всушност, ако направите споредба, ќе видите дека и кај нас, едно значење има именката Скопје (како град), а сосема друга значење има изразот Град Скопје. Ова второво се однесува на пошироката територија на Скопје, и тоа како административна територијална единица (во согласност со Законот за територијалната поделба на Македонија). Значи, кога ќе се каже Град Скопје, се мисли не само на градот, туку и на целата околина која спаѓа во таа административна единица (значи, Сарај, Радишани, Драчево итн.). Е, ова второво значење „Град Скопје“ е пандан на англиското „Metropolitan area“. Поздрав --ГП (разговор) 22:43, 14 февруари 2016 (CET)Одговори
@ГП: @P.Nedelkovski: Мило ми е што конечно имаме убава дискусија за вакво нешто. Употребата кај Хелсинки (и не само така) доаѓа откако ја увидов статијава (па се водев по неа). Значи, јас ќе ја преименувам статијата како метрополска и ќе се потрудам во најголем дел да ја изменам и самата употреба на зборот метрополитенска во метрополска. Што се однесува до другото, пишувајќи доста за теми од Германија, научив дека не можеме ние да се водиме од нашите поими, односно сакам да кажам дека не можеме да ги израмнуваме работите, особено на ниво на административни единици, кои во скоро секоја земји се различни. Па така, моето решение би било во оваа статија да ставиме реченица во која би го објасниле најблискиот ваков случај во Македонија, тоа што го говори ГП. Што велите на ова? --Ehrlich91 (разговор) 23:52, 14 февруари 2016 (CET)Одговори
П. Неделковски 17:39, 15 февруари 2016 (CET) За мене е сосема во ред.
Назад на страницата „Метрополитенска област“.