Разговор:Израелско-либанска војна од 2006 година

Последен коментар: пред 13 години од Brest-bot на темата brest-bot проверка на правопис

Ne beshe megjudrzhavna vojna! Nekonvencionalen konflikt, Izrael objavi deka ne e vo vojna so Liban, tuku so Hezbola. --217.132.86.2 14:40, 5 април 2007 (UTC)

Emeraldher, бришење на аргументи се смета да вандализам, така што треба да се внимава на тоа. Што се однесува до карактерот на војната, Израел можеби тврдеше дека бил во војна само со Хизболах, а не со Либан, но фактички тоа беше меѓудржавна војна. Израел нападна територија на суверена држава, односно една држава нападна друга држава, која возврати на нападот, пред се преку организацијата на Хизболах, кој беше дел од владата на Либан, да не го заборавиме тоа. Со други зборови, елементите за карактеризирање на војната како меѓудржавна се тука.

Хизболах во Македонија обично се нарекува Хезболах, но тоа е поради погрешно читање од англиски јазик. (Zdravko 07:23, 16 јули 2007 (UTC))

Да, во право си - не требаше да правам промени пред да ги најавам, ама сметав дека се очигледни, се извинувам. Да почнеме од името, ни Хизболах ни Хезболах не се правилни. Оригиналното име е Хизбала, меѓутоа најчесто во меѓународниот печат се нарекува Хезбола. Не сум сигурна кое име треба да го ставиме, ама е погрешно да завршува со х на крај. Што мислите?

Што се однесува до типот на војната - политичката ситуација во Либан по граѓанската војна е доста сложена и деликатна, и скорешниот конфликт помеѓу Либанската војска и Хезбола го потврдува тоа. Либанската влада, територија и воени организации НЕ СЕ унифицирани и интегрирани!

Во Таифскиот договор, кој ја заврши граѓанската војна, стои дека трите главни етнички и религиски групи (Христијаните - Маронити, Сунитите, и Шиитите) од Либан ќе бидат еднакво застапени во владата. Шиитите се политички и воено застапени од Хезбола. Група која имаше абсолутна де факто контрола врз територијата на јужен Либан пред и за време на војната од 2006 и која е милитарно најсилна група во државата. Притоа Либан немаше воспоставено суверенитет врз јужен Либан - главниот театар на војната. Либанската војска која имаше и има номинална улога, како за време на војната па и сега нема ни пристап до јужен Либан. Важно е исто така и да се напомене дека Хезбола е поддржана од Иран и Сирија, а Сирија сеуште има силно присуство и политичко влијание во Либан.

Потоа, постои концензус во меѓународната политика дека војните денес, а особено во случајот на Израел не се меѓу држави, туку се најчесто помеѓу држави и групи, но секако се одвиваат на територија на некоја држава-домаќин.

Не е важно дали таа држава сака или несака такви групи да оперираат на нејзина територија, во случајот на Либан повеќето не сакаат меѓутоа се немоќни да го спречат тоа. Тоа што е важно е дека должноста на Либан како суверена држава е да воспостави контрола врз целата нејзина територија, не го направија тоа. Хезбола ја загрозуваше безбедноста на Израел оперирајќи од територија на Либан, и затоа Израел напаѓаше цели во Либан!

Сакам да прецизирам дека не пробувам да завземам страна ниту дека го одобрувам интензитетот на изралеската кампања, не се работи за тоа и сметам дека е важно да се истакнат сите места во кои се одвиваше војната и секаква штета причинета од сите замешани страни. Меѓутоа, сметам дека треба да дадеме точна класификација на видот на војната, особено затоа што ова е многу важна тематика во меѓународната политика денес.

А, и погледни ја англиската верзија - не се споменува дека е војна меѓу 2 држави, и не го именува Либан како страна која војува, туку Хезбола и други групи против Израел. Поздрав, --Emeraldher 12:37, 30 јуни 2008 (UTC)

brest-bot проверка на правопис уреди

  • цитирана веб страница наместо cite web, назив на шаблон на македонски јазик.
  • Податотека наместо Image, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 05:40, 26 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

brest-bot проверка на правопис уреди

  • докрај наместо до крај.
  • насила наместо на сила.
  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 12:37, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.Одговори

Назад на страницата „Израелско-либанска војна од 2006 година“.