Разговор:Гостивар

Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Би сакал да ги прашам другите (без разлика дали се МАКЕДОНЦИ, Македонци, Албанци итн.) што мислат за статијава? --FlavrSavr 20:15, 2 Јануари 2006 (UTC)

Од Марио Шаревски автор на статијата:

Другар ФлаврСавр бидејќи си член на Википедија,сигурно си ја посетил бугарската Википедија каде што има низа националистички ставови во врска со Македонците (Македонскиот Народ),Македонскиот јазик и за дел од нашата Македонска историја,тие ставови иако се националистички според бугарските автори не се,па така и јас не ги сметам за националистички информациите што ги дадов во врска со процентот на Македонците во Гостивар и политиката што ја спроведуваат Албанците таму овие години. Поздрав Марио Шаревски

Во ред... Пред да одговорам, би сакал да знам што мислат останатите? --FlavrSavr 23:56, 2 Јануари 2006 (U

Мојот е-мејл е mario.sarevski@gmail.com,а исто можеш да ми пишеш и на makedonija_vep@yahoo.com би сакал да ми одговориш (да не чекам што мислат другите)

Јас сум против вакви текстови. Ова е енциклопедија и не е место за лични мислења, ни ширење национализам... Времето потрошено за пишување на текстот овде може да се искористи за ургирање на другите википедии (пр. бугарската) за поправање на наведените невистини. Спорот со името на англиската википедија е решен пред се благодарејќи на трезвено размислување (пред се на FlavrSavr и Boyan). Отварањето флејмови (мислиш на искри,пламења или жарчиња) нема да помогне. --Misos 00:34, 3 Јануари 2006 (UTC)

Исто така, доколку се направи убава неутрална статија, може да се преведи и објави и на другите википедии... --Misos 00:34, 3 Јануари 2006 (UTC)

Најпрвин не е тоа националистички,нацистички,фашистички или шовинистички текст,зошто прво нема никаква навредлива содржина кон Албанците,туку се само посочени некои административно-географски промени и последиците од нив (во смисла на менувањето на застапеноста во проценти на етничките групи).Доколку најдете навредлив збор против Албанците (или ако негедека пишува нешто навредливо во врска со нив-како Шиптари да речам) слободно избришете го,инаку текстот е добар би можеле вие убаво да го уредите! Марио Шаревски

Проблем е овој дел:

  • Денес за жал локалното Албанско население ги рехабилитира фашистичките окупатори Бали Комбетар со нивните водачи Џемо и Мефаил кои имаат извршено голем број убиства,кражби,протерувања и злодела на Македонците од Западна Македонија!И покрај националистичката политика што ја спроведува локалната власт (Албанци) Македонците и другите националности (пред се не-муслимани) сепак остануваат и продолжуваат да живеат во овој убав Македонски град

Не е во прашање дали јас се слагам или не, туку дали е нешто што би се ставило во енциклопедија. Би сакал и другите корисници да се изјаснат за ова, јас несакам да се расправам за политички прашања.

Инаку, статиите овде не се потпишуваат на крајот. Регистрирај се (бесплатно е), и во историјата ќе стои дека ти си ја направил. Исто така, според некаков наш правопис се остава празно место по интерпункциските знаци. --Misos 01:39, 3 Јануари 2006 (UTC)

За крај, не додавај твои коментари во туѓ текст во страните за разговор. Можеш подолу да го цитираш тој текст, па твојот коментар. Вака е непрегледно (јас тек сега го приметив она погоре). Да, флејм како провокација кон определена група. Можеби некој од албанската википедија ќе прочита ваков текст па ќе одговори на нивната... --Misos 01:43, 3 Јануари 2006 (UTC)

Мислам дека ја неутрализирав малку статијата. Марио, со ова мислам дека откриваш добар дел од моето мислење за статијата, моето лично мислење за реалната ситуација, иако се сложувам во добар дел со тебе - е небитно. Википедија, по дефиниција, ја опишува темата на која зборува, и доколку постои некаков спор, го опишува спорот, не завземајќи страни. Ова е суштината на Википедија - те молам прочитај ја Википедија:Неутрална гледна точка. Поздрав. --FlavrSavr 02:37, 3 Јануари 2006 (UTC)

Според ваш правопис или според МАКЕДОНСКИОТ стандарден правопис.Најпрво не гледам место кај што може да се регистрирам,а како второ многу не ми е битно дали јас ќе бидам запишан во историјата дека сум напишал статии за Гостивар и Капиштец (може и Капиштец како Гостивар да го уредите,а овие денови ќе пишувам и за другите СКОПСКИ НАСЕЛБИ и ГРАДОВИ и СЕЛА во Република Македонија (а и некои во Македонија - В.Е.П.)можам и листа со сите села во Македонија да ви дадам како на Бугарската Википедија што имаат). Нормално и податоци за селата и градовите ќе ви напишам,како туристички водач што вели Бојан,со се нивна историја,инфрсатруктура исл.

Марио, може да се регистрираш со клик на "Регистрирај се" во горниот десен агол од екранот, а потоа пополни го тоа што се бара. Би било многу добро доколку се приклучиш и ти да придонесуваш за развојот на македонската Википедија. Поздрав, Boyan 16:06, 4 Јануари 2006 (UTC)
Мала забелешка, линкот се вика "Најави се". Добредојден си на Македонската Википедија, и не сфаќај толку при срце - после запирка и точка секогаш следува празно место :). --FlavrSavr 16:51, 4 Јануари 2006 (UTC)
А, да де, "најави се". Не сум се најавил којзнае од кога... :-) Boyan 16:55, 4 Јануари 2006 (UTC)

Гостивар на картата

уреди

Има еден проблем со картата, а тоа е што на картата се наоѓа Општина Гостивар, а не градот Гостивар. Мислам дека треба да се промени.

--√ гитардэмонговори со мной √ 13:57, 28 јануари 2009 (UTC)

Да, треба на сите градови треба да им направиме шаблонче. Привремено се таму ставени, без гајле. Поздрав--MacedonianBoy (разговор) 14:08, 28 јануари 2009 (UTC)
Мислам дека е најдобро да го користиме она што го има англиската википедија или хрватската, оние празни мапи на Македонија, каде се внесуваат координатите и вуала, го имаш на картата. Само треба да се направи да се вметни во овие шаблони за градовите во Македонија, кои се добри вака како што се, освен рековме тоа за мапата.

--√ гитардэмонговори со мной √ 14:25, 28 јануари 2009 (UTC)

За истото и јас зборувам, тоа со точката црвена.--MacedonianBoy (разговор) 14:30, 28 јануари 2009 (UTC)
Назад на страницата „Гостивар“.