Гледам дека корисникот Корисник:Arwena спомена дека во статијава имало „националистички тенденции“!? Ако делот Во околината на Воден и во самиот град живеат голем број на Македонци, и македонскиот јазик сеуште се користи во меѓусебната комуникација во повеќе воденски села и самиот град Воден се смета за „националистичка тенденција“ тогаш не знам како треба да се окарактеризираат сите статии на бугарската википедија поврзани со Македонија, Македонците, македонската историја, јазик и историските личности!!! Дека ова не е никаква националистичка тенденција и дека е вистина може да се уверите доколку сами отидете таму, доколку прочитате повеќе написи на дневни весници (особено статијата за Македонскиот јазик во Егејска Македонија во „Време“), доколку прочитате повеќе книги поврзани со Македонците и овој дел на Македонија.... - Македонец 12:14, 5 декември 2006 (UTC)

Untitled

уреди

Дека Егејска Македонија не е само „таканаречен географски поим“ измислен од Македонците и комунистите од КПМ, информирајте се во книгата „Македонците и односите на КПЈ и КПГ“ од Ристо Кирјазовски во која во еден дел пишува за употребата на името Егејска Македонија и проблемите и неговото усвојување како официјално име за тој дел од Грција од страна на КПГ, НОФ и ДАГ. - Македонец 12:19, 5 декември 2006 (UTC)

Не може тоа што е дел од Егејска Македонија да е поважно од тоа што е град во Грција, исто така не може да е најважно за овој град фактот што во него живеат Македонци (а дека во Воден живеат Македонци, никој не го спори!). Верувале или не, светот не се врти околу Македонија и Македонците! А ушт е помалку ќе дозволам/дозволиме оваа енциклопедија да биде место за истурање на лични и национални фрустрации - како се третира енциклопедиски еден град, можеш да видиш во статијата за Солун на Британика на македонски јазик. Навистина, Македонец, ја вратив статијава откога Guitardemon666 ја избриша, но доста ми е од вашето своеволие. --FlavrSavr 15:12, 5 декември 2006 (UTC)

Re:Воден

уреди

Во однос на Воден...

Македонец, треба да се направи разлика помеѓу територија определена со етнички идентитет и државна граница признаена во светски рамки и се уште во официјална употреба. Според неа, Воден е град во денешна Грција, така наречен Егејска Македонија.

Ај што сум археолог, туку добро ми се познати правата на македонското малцинство во Грција, бидејќи и самата имам огромна фамилија таму. Поради сите репресалии кои ги трпеа, ние бевме тие кои моравме да научиме да зборуваме грчки.

Но сето ова не ме спречува мене да пишувам најобјективно што можам. Ние создаваме коректна, објективна, не-емоционална енциклопедија. Една реченица на Википедија не може да ги смени географските размери, и затоа кога се пишува, корисниците би требало да го зауздаат малку сопствениот темперамент и субјективност.

Поздрав :)

--Arwena 16:56, 5 декември 2006 (UTC)

Како прво јас немам никакви лични фрустрации. Второ немаше ништо не еницклопедиско во делот што го додадов дека езерата и водопадите во околината се туристичка атракција за да го избришете т.е. да ја вратите претходната верзија. Ако на македонската википедија не може да се изнесуваат националните вистини како што тоа се прави на бугарската, српската (особено статијата за војната во Косово која нималку не е енциклопедиска!), грчката, па и албанската во која ние Македонците сме наречени Sllavё!!! Можете слободно да ставите крај на моето „самоволие“ преку банирање и така е во подготовка интернет проект кој ќе биде во налик на енциклопедија поврзан само со Македонија! - Македонец 18:02, 5 декември 2006 (UTC)

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • Промена на зборови од типот сеуште во сѐ уште , одделни зборови сѐ, уште, е акцентирано.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 19:01, 1 мај 2009 (UTC), управуван од Brest.

Назад на страницата „Воден“.