Разговор:Ацтечки јазик
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Ацтечки јазик“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
„Наватлски“
уредиИмето на самиот јазик не може да биде наватлски (наспроти придавка од него, како „наватлски глагол“). Ова мора да се отстрани. Не може да стои ни како варијанта, бидејќи е сосем погрешно.
Извадоков е од мојата страница за разговор:
Воопшто не е темата дали нешто е фонетски изводливо. Придавката „санскритски“ е придавка за него, а не и именка. Јазикот е санскрит, а придавката санскритски (исто како што „скопски“ е само придавка, а не именка). Кмерски јазик е во ред бидејќи народот се нарекува „Кмери“. Во овој случај, ако имаме народ Нава, тогаш не може да биде наватлски, бидејќи тоа се две придавни наставки едно по друго (едната нивна, втората наша). Тоа би било исто како да речеш „инглишки“ или „еспањолски“. Затоа, името на јазикот мора да биде или „наватл“ или „ацтечки“, а потоа во текстот може да се зборува придавно од типот „наватлските зборови се акцентираат...“. Се извинувам за Мезоамерика, јас се испомешав со преводите на геогрфското и културното подрачје.