Отвори го главното мени

Раде од Сокол и Ашин-бег

Раде од Сокол и Ашин-бег (српски: Раде од Сокола и Ашин-бег) - српска епска (ајдучка) песна.

СодржинаУреди

Во планината се собрани тројца побратими: Раде од Сокол, Сава од Посавина и Павле од Срем. Бидејќи се приближува зимата, тие се договараат каде ќе се повлечат до доаѓањето на пролетта. Павле вели дека ќе се засолни во Ириг, а Сава ќе се сокрие кај татко му. Раде вели дека ќе зимува кај неговиот побратим Ашин-бег, како што правел претходниет девет години. Тој им закажува средба на истото место, на Ѓурѓовден при што, ако некој не се појави за 15 дена, тогаш другите треба да го побараат. Потоа, тројцата другари се разделуваат, а Раде заминува во градот Сокол, во кулата на Ашин-бег, каде срдечно го пречекуваат бегот и неговата жена, а Раде, пак, богато ги наградува. За кратко време Раде заспива, а жената го наговара бегот да го убие својот побратим. Тогаш, Ашин-бег го убива ајдукот и му го фрла телото од кулата да го јадат орли и гаврани. Следната пролет, ајдуците доаѓаат на договреното место и 15 дена чекаат да се појави Раде, а потоа одат во Сокол во потрага по него. Кога ги здогледува ајдуците, Ашин-бег сака да побегне, но Павле го заробува и го прашува каде е Раде. Ашин-бег одговара дека Раде умрел, а тој им го поделил неговото богатство на просјаците. Но, кога ајдуците ја здогледале крвавата Радева облека, го исекле бегот на парчиња и му ја растуриле кулата.[1]

Осврт кон песнатаУреди

Во песната се споменува стариот град Сокол, кој се наоѓал во долината на Дрина, но ниту еден од ликовите во песната не е познат во историјата.[2]

НаводиУреди

  1. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 69-74.
  2. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 150.