Раде Товладијац
Раде Товладијац (Улцињ, 1 август 1961) е српски автор на стрипови, сценарист, ликовен уметник и архитект.[1]
Раде Товладијац | ||
Роден | 1 август 1961 Улцињ, Црна Гора, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Србин | |
Занимање | автор на стрипови, сценарист, ликовен уметник и архитект |
Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград со проектот „Небески град — Орбитална станица у Лагранжовој стационарној тачки – Л5“. Со Зоран Туциќ, Вујадин Радовановиќ и Саша Живковиќ е основач на уметничката група „Баухаус 7“ во 1981 година во Белград.
Поважни стрипови: „Људи за звезде“ (Ју стрип магазин, 1984-1985), „Смешна страна српске стварности“ (Прес, 2011-2012) и „Стрипформер“ (Информер, 2013—) и илустрације Хајдук Станко, Фантом, Мандрак, Бетмен, Џејмс Бонд, Модести Блејз, Карлос Кастанеда итн.
Еден е од основачите на Здружението на стрип уметници на Србија (Удружење стрипских уметника Србије, УСУС) во 2010 година и сега претседател на здружението.
Извори
уреди- ↑ Биографија и галерија, Здружението на стрип уметници на Србија (српски)
Врски
уреди- Comics creator: Rade Tovladijac, Lambiek Comiclopedia (англиски)
- Tovladijac's "Betterfly Studio", official website, Belgrade (англиски)