Ракометниот клуб Бергишер 06ракометен клуб од Вупертал и Золинген, Германија. Клубот бил основан со договор од 2006 година помеѓу Стефан Адам, тогашниот претседател на ЛТВ Вупертал и СГ Золинген, кој го вклучил менаџерот на клубот на Вупертал и главниот спонзор во клубот со седиште во Золинген и го преименувал во регион Бергишч Ланд.

РК Бергишер
Целосен називРакометен клуб Бергишер 06
Краток називBHC
Основан2006; пред 18 години (2006)
ИгралиштеУни арена (Вупертал)
Кингенхал (Золинген)
Приемност3,200
2,600
ПрестедателЈорг Фосте
Главен тренерСебастијан Хинце
ЛигаБундеслига
2018-20197-мо
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Мреж. место
Матична страница

Во сезоната 2018-2019, БХК го освоиле седмото место во Бундеслигата.

Историја

уреди

Пред 2006 година

уреди

Откако спортските клубови „Бергишес“ (по ВфЛ Гумербах), ЛТВ Вупертал и СГ Золинген, кои отсекогаш биле најуспешни во ракомет во затворен простор, ги постигнале своите најголеми успеси со некои сезони во Бундеслигата во доцните 90-ти и раните 2000-ти, одеднаш се појавила голема криза во големиот ракомет.

После четири години во првата германска лига, Вупертал бил пренесен во регионалната лига по испаѓањето во Бундеслигата во 2001 година (сè уште под името Вупертал) и бил принудена да ги обнови своите структури. Оваа мерка им донела нов престој во втората германска лига во 2004 година, но престојот не се покажал многу успешен, бидејќи по само две години, во 2006 година, екипата повторно се вратила во регионалната лига.

СГ Золинген, кој бил формиран од ПСВг Јан Золинген и спортскиот клуб Золинген-Хушшид-Видерт, имал можност да издржи само две години по првата промоција на Бундеслигата во 2000 година. Така во 2002 година се соочил со повторно испаѓање од лигата. Во следните сезони од втората германска лига, напорите за зацврстување на клубот биле неуспешни, особено во сезоната 2005/06 кога екипата завршила на 14-то место, борејќи се од испаѓање.

Со оглед на овој брз пад на перформансите на двата тима, СГ Золинген и Стефан Адам, тогашниот менаџер на ЛТВ Вупертал и подоцна Бергишер, влегле во тајни преговори за спојување на двата клуба во текот на сезоната 2005/06. Ова на крајот резултирало со договор, кој бил категорично отфрлен од службените лица и обожавателите на гимнастичкиот клуб Лангерфелд. Затоа, Адам можел да постигне единствено делумно спојување кое било ограничено од раководството и главниот спонзор на ЛТВ Вупертал. ЛТВ, потресен од овие елементарни загуби, сепак добил можност да формира тим во регионалната лига, но екипата била далеку од конкурент во лигата, кое довело до дополнително испаѓање на клубот во четвртата ракометна лига. Денес првата машка екипа на ЛТВ Вупертал игра во петтата германска ракометна лига.

2006 - 2011 година

уреди

Веќе во првата сезона на новосоздадениот клуб, РК Бергишер имал јасна цел за промоција во Првата ракометна Бундеслига. Сепак, „лавовите“ не успеале во следните сезони да го постигнат тоа. Во првите три години по спојувањето, секогаш морало да бидат задоволни со местата во средината на табелата или во зоната на испаѓање. Ова во голема мера се променило во сезоната 2009/10, кога по силната сезона го освоиле второто место - само зад ТСГ Фрисенхајм - и со тоа добиле можност да одиграт натпревар за квалификација во Првата Бундеслига. Таму се сретнавте со вториот од северната лига, ТВ Емсдетен, и на гостински терен Бергишер бил поразен со резултат од 33:27. Во вториот натпревар во салата Баер во Вупертал, Бергишер заостанувал резултатски долго време. Натпреварот конечно бил добиен со 37:36, но секако тоа не било доволно за преселбата во следното коло, во кое ТВ Емсдетен тесно не успеал да го победи на ТСВ Дормаген и исто така останал во втората лига. Истата судбина се чинело дека го чека и Бергишер до последниот ден од сезоната 2010/11. Таму требало да игра против ЕХВ Ауе кој бил загрозен од испаѓање во последното коло од лигата, додека ТВ Хатенберг, кој бил на еден бод и значително подобра гол разлика, морал да се натпреварува со ХГ Сарлуј, кој исто така се наоѓал во зоната на испаѓање. Сепак, Хутенберг загубил со 36:35 во тесна игра и со тоа Бергишер добил огромна шанса за следната фаза. „Лавовите“ успеале на гостински терен да победат со резултат од 22:25 и на тој начин влегле во најелитната ракометарска германска лига, орв пат по девет години.

Во 2010 година, Купот на Германија за првпат привлекол внимание во целата земја. После одигрувањето на натпреварот во шеснаесетфиналето и успехот против ТСГ Фрисенхајм, екипата стигнала до четвртфиналето, каде биле поразени со резултат од 22:26 од бундеслигашкиот клуб ТуС Н-Либебеке. Во следната година, цо третото коло, по силното второ полувреме во кое тие примиле само девет гола, го совладале бундеслигашкиот клуб ХБВ Балинген-Вајлстетен со 29:24. Во шеснаесетфиналето повторно клубот се соочил со Фриш Ауф Гапинген. Во возбудлива игра во која Бергишер водел, на крајот „Лавовите“ биле поразени во дополнителното време со резултат од 28:30.

2011 - 2016 година

уреди

Со промоцијата во Бундеслигата, РК Бергишер морал да се преориентира поради конкуренцијата. Ова не било многу лесно бидејќи за разлика од многу други клубови бил засилен само со релативно малку играчи[1]. Проблем се појавил и за ситуацијата во салата каде службените лица се соочиле со проблемот што двете сали во кои БХЦ ги играл своите домашни натпревари во втората лига, во многу нешта не биле соодветни за критериумите на Бундеслигата. Ова главно се должело на недостигот на капацитет, осветлувањето и подот на салата, но и поради тоа што ВИП-просторите биле премалку или воопшто не биле одредени. На крајот на краиштата, била донесена одлука прво клубот да се откаже од Баерската сала во корист на поголемата универзитетска сала и да се обнови со цел да биде погодна за Бундеслигата.

Клубот во првите кола од сезоната доживеал повеќе негативни отколку позитивни резултати. Но благодарение на важните гостински победи против директните конкуренти кои исто така се бореле од испаѓање. Во сезоната дошла и еуфоричната славена победа од 40:31 против големиот СЦ Магдебург, во кој ракометарот Кенет Клев постигнал десет гола и екипата се нашла на 15-тото место на крајот од првиот дел од првенството, што би му овозможило да остане во Бундеслигата. Сепак, оваа поволна почетна позиција се распаднала во втората половина од сезоната со бројни порази на домашен терен против противници кои во првата сезона биле победени. Поради тоа екипата паднала во зоната на испаѓање и по крајот на сезоната се префрлила во втората лига.

Во септември 2012 година, управниот директор Штефан Адам објавил дека ќе замине во германскиот шампион Кил. Јарг Фусте станал негов наследник од јануари 2013 година и, како Адам, бил еден од основачите на претходниот одбор.

Со победата од 23:15 на гостувањето во РК Ерланж, Бергишер на пет кола пред крајот на сезоната од втората лига 2012/13 обезбедил директно враќање во ракометната Бундеслига[2]. Второто првенство во дивизија било обезбедено и со победата од 21:18 над Хетенберг. Во првите пет одиграни натпревари од првата дивизија во сезоната 2013/14, Бергишер остварил четири победи во низа, вклучувајќи и 34:27 против победникот во Лигата на шампионите, ХСВ Хамбург. Како резултат на тоа, тимот имал само пет победи до крајот на сезоната и повторно се нашол во можност да испадне на натпреварот од претпоследното коло, но по победата од 26:25 против Фихсе Берлин, тоа не се случило.

Во следната сезона 2014/15 година, клубот останал на врвот на табелата долго време на почетокот на сезоната, но сезоната ја завршил со само неколку победи во втората половина на сезоната, и завршил на 14-тото место. Најдобрата сезона клубот ја остварил во 2015/16 кога во лигата, исто така благодарение и на повлекувањето на ХСВ Хамбург - стигнал до 12-тото место и стигнал до полуфиналето на Купот на Германија.

2016 - денес

уреди

По 12-то место во претходната сезона, сезоната 2016/17 започнала со цел подобро претставување во лигата и можност за напредување во купот. По позитивната подготовка, клубот успеал да се пласира во шеснаесетфиналето од купот на Германија, по победите против ТВ Емсдетен и ХСГ Крефелд. Сепак, почетокот во Бундеслигата започнало катастрофално за Бергишер бидејќи во првите четири кола екипата доживеала четири порази. Виктор Шилаги, кој ја завршил кариерата на крајот од претсезоната и ја презел функцијата спортски директор во БХЦ, се вратил неочекувано како играч поради бројните повреди во тимот. Натпреварот на гостински терен против Вецлар и на домашен против Минден биле добиени, а на гостувањето кај Гепинген бил освоен бод по резултатот од 26:26. Сепак, овие бодови останале непроменети долго време за клубот. Целата прва половина од сезоната Бергишир не успеал да освои ниту еден дополнителен бод, а исто така биле елиминирани и во Купот на Германија во шеснаесетфиналето од страна на Балинген.

Поради оваа негативна серија, тренерот Себастијан Хинце наидел на зголемени критики. Сепак, за време на зимската пауза, одговорните решиле да го задржат тренерот. Во вториот дел од сезоната екипата успеала да постигне неколку победи во првите натпревари. Откако претрпеле горчлива загуба на домашен терен од 26:35 од екипата на Штутгарт, која исто така се борела за опстанок, следувала изненадувачка победа против победникот од Светското клупско првенство, Фисхе Берлин на гости со резултат од 29:30. По крајот на натпреварот, Виктор добил тешка повреда на коленото и конечно ставил крај на својата кариера. До крајот на сезоната, екипата остварила 8 победи против Кобург, Лемго, Гепинген, Ерланген, Балинген-Вајлштатен, Гумербах и Хановер-Бургдорф и едно реми. Севкупно, Бергишер собрал 17 бодови во втората половина од сезоната, така што на крајот на сезоната екипата добила поголем успех за разлика од претходната година, но тимот повторно се соочил од можност за испаѓање. Така во последното коло, РК Бергишер на домашен терен ја пречекала екипата на Хановер, а Лемго играл против Гумербах, кој всушност бил спасен од испаѓање уште во претпоследното коло поради значително подобрата гол разлика. Лемго бил со еден под пред Бергишер на 15-тото место. Така, РК Бергишер победил во последното коло со резултат од 32:24, но и покрај победата, тимот испаднал во втората лига поради успехот на Лемго со резултат од 32:31.

Во сезоната 2017/2018 година започнала реорганизација на клубот и во клубот дошле 7 играчи, додека 9 истиот го напуштиле. Подготовката за новата сезона била позитивна. Во тренинг-кампот во Штаерска, австрискиот бундеслигашки клуб ХСГ Ремус Бернабах/Кофлах бил победен со 32:19. На подготвителниот турнир во Хесијан Линден (Купот на Линден), бил постигнат голем успех со победите против прволигашките екипи ХСГ Вецлар (29:26) и ТВ Хетенберг (29:22). На турнирот Бергишер бил поразен од идниот победник на купот, Лајпциг со резултат од 24:20. Врвот на подготовките го одбележал тест-натпреварот против достоинствениот победник во Лигата на шампионите РК Вардар, кој бил поразен со резултат од 27:25. Сезоната екипата ја започнала со одигрувањето на натпревар во Купот на ДХБ. Со победите против екипата од трета лига, Лејтерхаузен (34:25) и Хатенберг од втора лига (26:22), РК Бергишер успеал да се квалификува во шеснаесетфиналето, во кое бил поразен од ХСГ Вецлар со 27:28.

Почетокот на новата сезона во втората лига бил успешен со победа од 26:23 на домашен терен над промовираната РК Елбфлоренц од Дрезден. После првите 15 натпревари во лигата, Бергишер освоил 15 победи и личен рекорд. Но по ова следувал пораз со резултат од 25:30 на домашен терен против ВфЛ Либек-Швартау. Првата половина од сезоната завршила без дополнителен пораз. РК Бергишер ја започнал втората половина од сезоната со уште пет победи пред да го загуби домашниот натпревар против АСВ Хам-Вестфалија во 25-тото коло со резултат од 25:27. Следните шест натпревари повторно биле освоени, а во 31-то коло екипата ја остварила својата цел, односно враќање во првата лига со победата на домашен терен од 35:22 над Вилхелмсхафен ХВ.

РК Бергишер ја започнал сезоната 2018/19 година со успешна подготовка. Како дел од тренинг-кампот во Кофлах, Австрија, екипата го побдила ХСГ Ремус Барнбах/Кофлах (41:14) и австрискиот шампион Фивес Маргаретен (39:23). Покрај тоа, по победите над ХСГ Вецлар (28:26), ХСЦ 2000 Кобург (27:22) и ТВ Хатенберг (24:23), Бергишер го освоил Купот на Линден. Единствениот пораз во подготовките бил оној од Рајн-Некар Левен во финалето на Купот Хартинг. Натпреварувачката сезона започнала со Купот на Германија каде екипата го победила ХГ Сарлуј со резултат 36:11. По обезбедувањето на учество во шеснаесетфиналето, Бергишер се сретнале против Рајн-Некар Левен и биле поразени. По воведната победа од 27:23 против Еулен Лудвигшафен, против ТБВ Лемго и РК Ерланген, екипата остварила најдобар старт во историјата на клубот во првата лига. Во текот на сезоната, екипата постојано се наоѓала во горниот дел од табелата. На крајот од сезоната, РК Бергишер завршил на историското 7-мо место.

Сезони

уреди
Сезона Лига Место Бодови Гол разлика Влегување/Испаѓање Куп
2006/07 Втора лига 03 45:23 956:903 3. фаза
2007/08 Втора лига 05 39:29 1024:972 1. фаза
2008/09 Втора лига 03 44:24 1096:998 2. фаза
2009/10 Втора лига 02 49:19 1030:927 Влегување/Испаѓање Четвртфинале
2010/11 Втора лига 01 54:14 1052:902 Влегување Осминафинале
2011/12 Прва лига 16 17:51 921:1037 Испаѓање 3. фаза
2012/13 Втора лига 01 57:15 1102:941 Влегување 3. фаза
2013/14 Прва лига 15 22:46 934:1010 2. фаза
2014/15 Прва лига 14 28:44 982:1064 2. фаза
2015/16 Прва лига 12 19:45 815:911 Полуфинале
2016/17 Прва лига 16 22:46 868:954 Испаѓање Осминафинале
2017/18 Втора лига 01 70:6 1132:918 Влегување Осминафинале
2018/19 Прва лига 07 38:30 891:880 Осминафинале


Состав

уреди

Состав за сезоната 2019-2020

Број Националност Име Позиција Роден Висина Во тимот од Во тимот до
1   Германија Кристофер рудек TW 15 октомври 1994 2,00 m 2015 2021
12   Финска Јонас Клама TW 2019
61   Чешка Томаш Мрква TW 20 јануари 1989 2,03 m 2019 2022
5   Шведска Макс Дари KM 27 септември 1991 1,93 m 2017 2022
9   Германија Александар Лек RL 25 септември 2000 1,98 m 2023
11   Исланд Арнор Пор Гунарсон RA 23 октомври 1987 1,80 m 2012 2021
13   Германија Кристијан Нипес   RR 11 февруари 1988 1,90 m 02/2011 2020
14   Полска Маќеј Мајџински RR 8 април 1996 1,89 m 2016 2020
16   Шпанија Рафаел Баена KM 7 ноември 1982 1,91 m 2018 2020
17   Германија Даниел Фонтаине RL 2 јули 1989 1,94 m 2018 2020
18   Германија Јаник Фрац RA 12 август 1999 1,85 m 2018 2022
19   Чешка Томаш Бабак RM 28 декември 1993 1,86 m 2016 2021
20   Словачка Ксаба Шукс RL/RM 28 јули 1987 2,03 m 2017 2022
21   Германија Себастијан Дам LA 12 јули 1995 1,83 m 2019 2021
22   Германија Фабијан Гутброд RL 1. Juli 1988 1,99 m 2013 2021
23   Чешка Леош Петровски KM 5 јануари 1993 2,02 m 2017 2021
24   Шведска Линус Арнесон RL/RM 11 мај 1990 1,88 m 2017 2023
25   Исланд Рагнар Јохансон RR 24 октомври 1990 1,91 m 2019 2021
32   Холандија Џефри Бумхувер LA 15 јуни 1988 1,79 m 2018 2021
39   Германија Лукас Струцке RL/RM 14 јануари 1998 1,95 m 2018

Легенда:

Стручен штаб

уреди
Име Позиција Националност Дата на раѓање
Себастијан Хинце тренер   Германија 26 април 1979
Маркус Пиц заменик-тренер   Германија 5 март 1983
Оливер Шумахер Athletiktrainer   Германија
Сигфрид Кнапик Teambetreuer   Германија 8 мај 1944
Јан Артман асистент   Германија 23 мај 1991
Д-р Дитрих фон дер Хејде доктор   Германија 1 октомври 1955
Северин Фелдман психотерапевт   Германија 16 мај 1988

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди