Пјер-Амброаз Бос (роден на 11 мај 1992 г.) — француски атлетичар специјализиран за трки на 800 метри.

Пјер-Амброаз Бос
Лични податоци
Роден(а)11 мај 1992(1992-05-11)(32 г.)
Нант, Франција
Висина1.86 м
Тежина71 кг
Спорт
Земја Франција
СпортАтлетика
Дисциплини800 метри

Кариера

уреди

Бос го освоил бронзениот медал на трката на 800 метри на Европското првенство 2012 одржано во Хелсинки.

На 18 јули 2014 година, Бос го остварил својот најдобар резултат во кариерата (1:42.53) на 800 метри на атлетскиот митинг во Монако, кој е дел од дијамантската лига; тој ја завршил трката на второто место, зад Најџел Амос од Боцвана.[1] Истрчаните времиња на Амос и Бос на овој митинг биле двете најбрзи времиња на 800 метри во светот за 2014 година; а Бос го соборил ѝ државниот рекорд на Франција во оваа дисциплина.[2]

На Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро, Бос се натпреварувал на трката на 800 метри, но и покрај тоа што неговиот резултат бил најдобар во полуфиналните трки, сепак во финалето тој не успеал да се искачи на победничкиот пиедестал и ја завршил трката на четвртото место со резултат од 1:43.41.

На 8 август 2017 година, Бос победил на трката на 800 метри на Светското првенство 2017 во Лондон со време од 1:44.67.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди