Пуч од 18-ти бример
Пучот од 18-ти бример бил државен удар во Франција на 9 ноември 1799 година (или на 18-ти бример, Година VIII според францускиот републикански календар) со кој генералот Наполеон Бонапарт ја презел власта и станал прв конзул на Франција, и според мислењето на повеќето историчари се ставил крај на Француската револуција. Со овој бескрвен државен удар бил соборен Директоратот и е заменет со Конзулат.
Пуч од 18-ти бример | |
---|---|
Генерал Бонапарт за време на државниот удар од 18-ти бример во Сен Клоуд, слика од Франсоа Бушо, 1840 г. | |
Учесници | Наполеон Бонапарт, Емануел Жозеф Сијес, Шарл-Морис Талејран, Роже Дико, Пол Барас, Лисиен Бонапарт, Жозеф Бонапарт, Жан Жак Режи де Камбасерес, Шарл Франсоа Лебрен и други |
Место | Франција |
Датум | 9 ноември 1799 |
Исход | Конзулат; нов устав според кој првиот конзул, функцијата што требало да ја извршува Бонапарт, имала најголема моќ во француската влада |
Причини
уредиОд 21 март до 9 април 1799 година се одржале избори за нови 315 членови во Советите на кои победиле неојакобинците. Пролетта и летото 1799 година Франција доживеала серија порази во битките против втората коалиција.
По завршување на изборите, јакобинското мнозинство веднаш побарало Директоратот да стане „пореволуционерен“. Тие го прогласиле изборот на директорот Треилхард за незаконски поради технички пропусти и со гласање одлучиле да биде сменет со Луј-Жером Гоје, адвокат кој бил министер за правда за време на Конвентот и кој го надгледувал апсењето на умерените пратеници од Жиронда. Јакобинците во Советот побарале оставка и од двајца умерени директори, Ла Ревелие и Мерлин. Тие биле заменети со два нови члена, Роже Дико, малку познат адвокат кој бил член на Комитетот за јавен спас, и непознатиот јакобински генерал, Жан-Франсоа-Огист Мулен. Новите министри именувани од директорите во најголем дел биле докажани јакобинци, иако Сијес издејствувал назначување на Жозеф Фуше за нов министер за полиција.[1]
Јакобинците почнале да предлагаат закони кои во голема мера биле поволни за санкилотите и работничката класа, но кои ги вознемириле високата и средната класа. Советите наметнале принуден заем од сто милиони франци, кои требало веднаш да го платат според степенеста скала сите кои платиле данок на имот над триста франци. Оние кои нема да платат ќе се сметаат за емигрантски благородници и ќе ги загубат сите граѓански права. [2] На 27 јуни генералот Жордан, истакнат јакобински член во Советите, предложил масовна регрутација на сите подобни млади мажи меѓу дваесет и дваесет и пет години во армијата. Ова била првата масовна регрутација по 1793 година.
Неојакобинците отвориле нов политички клуб по моделот на јакобинските клубови од времето на Конвентот. Клубот бил отворен на 6 јули и наскоро броел три илјади членови, со 250 пратеници, меѓу кои и многу поранешни јакобинци од времето на владеење на теророт, како и поранешни поддржувачи на ултра-револуционерот Франсоа Бабеф. Членовите на клубот го нападнале Директоратот, жалејќи се раскошот и луксузот на кои ги уживале неговите членови. Директоратот набрзо одговорил на провокациите; Сијес навел дека членовите на клубот се стремат да го возобноват владеењето на теророт на Робеспјер. Министерот за полиција Фуше го затворил клубот на 13 август.[2]
Воената ситуација на Франција се подобрила по Втората битка кај Цирих на 25-26 септември. По намалувањето на изгледите за инвазија на Франција, јакобинците почнале да се плашат дека ројализмот (кој го поддржувал мирот) повторно ќе заживее. Кога Наполеон се вратил во Франција на 9 октомври, и двете фракции го поздравија како спасител на земјата. Бил почитуван од ројалистите затоа што потекнувал од мало благородничко семејство од Корзика, а од јакобинците затоа што го потиснал обидот за државен удар на ројалистите на почетокот на Директоратот.
Воодушевен од кампањата на Наполеон на Блискиот Исток, народот бил наклонет кон Наполеон. Сијес станал убеден дека тој е генералот кој му е неопходен за планираниот пуч.[3] Но, Наполеон направил заговор за пуч во пучот, и на крајот самиот тој се здобил со моќ наместо за Сијес.
Најголема пречка за државен удар била армијата. Некои генерали, како Жан-Батист Журдан, искрено го поддржувале републиканизмот; а други, како што е Жан Бернадот, сметале дека се способни самите тие да управуваат со Франција. Наполеон работел на нивно убедување, а своите намери ги чувал во тајност.[3]
Државниот удар бил внимателно испланиран од Сијес и Бонапарт, со помош на братот на Бонапарт, Лисиен, дипломатот и совршен интригант Талеран, министерот за полиција Фуше и комесарот на Директоратот, Пјер Франсоа Реал. Планот предвидувал тројца директори да поднесат ненадејна оставка, и земјата да остане без извршна власт. Тогаш на Советите ќе им биде кажано дека на нацијата ѝ се заканува Јакобински заговор; Советите ќе бидат преместени заради сопствена безбедност во Шато де Сен Клауд, на околу 5 км западно од Париз. Бонапарт ќе биде именуван за шеф на владата за да ја брани Републиката од заговорот; Советите би се распуштиле и ќе се напише нов Устав. Бонапарт ќе треба да убеди дел од пратениците. Фуше и Реал треба да кажат дека нема да има мешање од полицијата или градот Париз. Фуше предложил водечките јакобински пратеници да бидат уапсени на почетокот на пучот, но Бонапарт рекол дека тоа нема да биде потребно, што подоцна се покажало како грешка. [1] Кратко пред пучот, Бонапарт се сретнал со главните армиски команданти: Журдан, Бернадот, Ожеро и Моро и ги информирал за претстојниот државен удар. Не бил поддржан од сите, но се договориле да не му стојат на патот. Претседателот на Советот на старите исто така бил доведен во пучот, за да може да ја одигра својата улога, а братот на Бонапарт, Лисиен, ќе раководи со Советот со петстотини. [2]
Исто така требало да се натераат Советот на старите и Советот од петстотини (горниот и долниот дом на парламентот) да назначат послушен комитет кој ќе состави нов устав според спецификациите на заговорниците.
Настани од 18-ти бример, Година VIII
уредиУтрото на 18-ти бример, Лисиен Бонапарт ги излажал советите дека се спрема јакобински државен удар во Париз и поради безбедност треба да заминат во приградската Шато де Сен Клауд.[4] Наполеон бил задолжен за безбедноста на двата совета и му била доверена командата со сите трупи кои тогаш се нашле во Париз.[5]
Подоцна истото утро, Емануел Жозеф Сијес и Роже Дико поднеле оставки како директори. [3] Сега веќе поранешниот втор министер за надворешни работи од 1797-1799 година, Чарлс Морис де Талејран-Перигор, близок сојузник на Наполеон, го притиснал директорот Пол Барас да го стори истото.
По оставката на тројца од петте директори на првиот ден од државниот удар, Директоратот немал кворум за заседавање и одлучување, што практично значело распуштање на Директоратот. Двајцата директори од јакобинците, Луј-Жером Гоје и Жан-Франсоа-Огист Мулен, продолжиле да протестираат. Следниот ден биле уапсени, од сојузникот на Наполеон, генералот Жан Виктор Мари Моро, а пред тоа биле принудени да не се бунат.[6]
За разлика од Директоратот, Советите продолжиле да се состануваат.
Настани на 19-ти бример
уредиНа мнозинството пратеници им станало јасно дека се соочуваат со обид за државен удар наместо да бидат заштитени од јакобинскиот бунт. Соочен со нивна непослушност, Наполеон упадна во одаите, придружуван од мала група гранадери. Иако можеби не било планирано, ова се покажало како пуч во пучот.
Наполеон сфатил дека Старите се противат „и покрај масовното покажување на воена сила“.[5] Честопати бил прекинуван додека им се обраќал со новите „вистини“ како „Републиката нема влада“ и, најверојатно, „Револуцијата заврши“. Еден пратеник викнал: „А Уставот? Наполеон одговорил, повикувајќи се на претходните парламентарни пучеви: „Устав! Вие самите го уништивте. Го прекршивте на 18 фруктидор; го прекршивте на 22 флореал; го прекршивте на 30 преријал. Веќе не е почитуван од никого“.
Потоа разговарал со Советот од петстотини, кој веќе заседавал под претседателство на неговиот брат Лисиен. Овде Наполеон бил понепријателски пречекан од јакобинските пратеници.[5] Неговите гранадири влегле токму во моментот кога Јакобинците во советот ја оспориле законитоста на оставката на Барас. По влегувањето, Наполеон најпрво бил туркан, а потоа и директно нападнат. Според некои наводи, тој бил блиску до несвестица. Неговиот брат Лисиен, а не самиот Наполеон, ги повикал гранадирите да го бранат својот водач. Наполеон избегал, но со помош на употреба на воена сила.[3]
Во Советот од петстотини било покренато барање за прогласување на Наполеон Бонапарт за одметник од законот. Доколку Советот го изгласал како одметник од законот, Бонапарт можел да биде уапсен и веднаш погубен без судење Во тој момент, Лисиен Бонапарт се измолкнал од комората и им рекол на војниците кои ги чувале советите дека мнозинството од Петстотини се тероризирани од група пратеници кои мавтале со ками. Според Мајкл Рапорт, „Тој го посочил крвавото, бледо лице на Наполеон како доказ; иако еден навод споменува дека Наполеон го чешал своето лице во фрустрација и бес додека не пуштило крв. [7] Потоа, театрално, Лисиен зграбил меч и се заколнал дека својот брат ќе го прободи в срце ако е предавник“.[8] Лисиен им наредил на војниците да ги избркаат насилните пратеници од комората.[5] Гренадирите под команда на генералот Жоашен Мира влегле во Оранжеријата и го растерале советот. Со ова, практично се ставил крај на Директоратот.[5]
Старите донеле декрет со кој се одложуваат Советите на три месеци, ги назначиле Наполеон, Сијес и Дуко за привремени конзули и ги именувале членовите на законодавното тело. Некои членови од Петстотината, подоцна се собрале за да ги потврдат овие мерки во нивниот Дом. Така, Директоратот и Советите биле укинати. [3]
Последици
уредиЗавршување на пучот
уредиПо распуштањето на Советот, заговорниците формирале две комисии, и двете составени од по дваесет и пет пратеници од двата Совета. Заговорниците всушност преку заплашување ги натерале комисиите да прогласат привремена влада, прва форма на конзулатот со Наполеон, Сијес и Дико како конзули.По улиците немало никаква реакција и ова покажало дека револуцијата навистина е завршена. „Уморни од револуција, луѓето сакаа само да бидат мудро и цврсто управувани.“[3] Отпорот на јакобинските функционери во провинциите бил брзо уништен. Дваесет јакобински пратеници биле протерани, а други биле уапсени. Комисиите потоа го изготвиле „краткиот и нејасен Устав на годината VIII “, прв устав по Револуцијата во кој ја нема Декларација за правата.[9]
Така, Бонапарт го завршил својот пуч во рамките на пуч со усвојување на устав според кој Првиот конзул, позиција на која сигурно ќе биде назначен, имала поголема моќ од другите двајца. Всушност, тој го назначил Сенатот, а Сенатот го толкувал уставот. Сенатот му дозволил да владее со декрет, на тој начин што улогата на Државниот совет и Трибунатот станале неважни. На крајот тоа довело до создавањето на Првото Француско Царство.
Прием од Карл Маркс
уредиВо 1852 година, Карл Маркс го напишал Осумнаесетти бример на Луј Бонапарт кој се однесувал на многу подоцнежен настан, државниот удар од 1851 година против Втората Република од странаНаполеон III, кој бил внук на Наполеон. Маркс го сметал Луј Наполеон за слаб политичар во споредба со неговиот вујко кој го освоил светот, што е изразено во често цитираниот воведен дел на Маркс: „Хегел некаде забележува дека сите големи факти и личности во светската историја се појавуваат, така да се каже, двапати. Заборави да каже: првиот пат како трагедија, вториот пат како фарса.“[10]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Tulard, Fayard & Fierro 1998.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Lefebvre 1977.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Holland 1911.
- ↑ Doyle, p.374.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Doyle, p. 375.
- ↑ Lefebvre, p. 199.
- ↑ Ludwig 1927.
- ↑ Rapport, 1998
- ↑ Crook, Malcolm (1999). „The Myth of the 18 Brumaire“. H-France Napoleon Forum. Архивирано од изворникот на 18 January 2008. Посетено на 12 December 2007.
- ↑ Викиизвор. . – преку
Извори
- Doyle, William (1990). The Oxford History of the French Revolution (2. изд.). Oxford; New York: Oxford University Press. ISBN 9780199252985.
- Lefebvre, Georges; Soboul, Albert (1962). The Directory. London: Routledge and Kegan Paul. OCLC 668426465.
- Lefebvre, Georges. The French Revolution Volume II: from 1793 to 1799 (1964) pp 252–56
- Ludwig, Emil (1927). „Book Two: The Torrent“. Во Allen, George (уред.). Napoleon (PDF) (англиски). Преведено од Eden, Paul; Cedar, Paul (2. изд.). London, United Kingdom of Great Britain: Unwin Brothers, Ltd. стр. 53–164. Посетено на 15 June 2021.
- Rapport, Michael (January 1998). „Napoleon's rise to power“. History Today. Архивирано од изворникот на 2009-07-20. Посетено на 2022-04-03.
- Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Holland, Arthur William (1911). . Во Chisholm, Hugh (уред.). Encyclopædia Britannica. 11 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 154–171.CS1-одржување: ref=harv (link)