Пуст Манастир (Горенци)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Пуст Манастир“
| |
Местоположба | 41°11′27″N 20°46′17″E / 41.19083° СГШ; 20.77139° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Горенци |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | ран среден век |
Портал „Археологија“ |
Пуст Манастир — археолошко наоѓалиште во охридското село Горенци, Општина Дебрца. Претставува црква од раниот среден век.
Се наоѓа околу 1 км источно од селото, на средината на западните височини на Вишовска Планина. На мало зарамнето плато се забележуваат остатоци од мала сакрална градба - групации на камења, бигор и фрагменти од покривни ќерамиди.
Според преданието кај жителите, на овој простор се наоѓал голем манастирски комплекс уште пред доаѓањето на Турците.[1]
Поврзано
уреди- Горенци — вила рустика од римско време
- Тигари — населба од римско време
- Требеништа - Сува Чешма — некропола од железното време
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 245. ISBN 9989-649-28-6.