Месје 7
Месје 7 или M7 (NGC 6475), наречено и Птоломеево Јато — расеано јато од ѕвезди во соѕвездието Скорпија.
M7 | |
---|---|
Податоци (епоха J2000,0) | |
Соѕвездие | Скорпија |
Ректасцензија | 17ч 53.9м |
Деклинација | −34° 49′ |
Оддалеченост | 0,8 исг (245 пс) |
Привидна величина (V) | 3,3 |
Привидни димензии (V) | 80,0′ |
Физички особености | |
Полупречник | 20 сг |
Старост | 220 милиони години |
Други назнаки | NGC 6475, Птоломеево Јато |
Поврзано: Расеано ѕвездено јато |
Јатото лесно се забележува со голо око, сместено близу до „опашката“ на Скорпија. За него се знаело антиката. Прв го забележал римскиот научник Птоломеј во I век кој во 130 г. го опишал како маглина. Џовани Батиста Ходиерна ја забележал пред 1654 г. и во него избројал 40 ѕвезди. Во 1764 г. Шарл Месје го завел во неговиот каталог и потоа го додал во списокот на кометовидни објекти како „M7“.
Телескопските набљудувања на јатото откриваат околу 80 ѕвезди во рамките на видно поле од 1,3° долж објектот. Се проценува дека е оддалечен 800-1000 светлосни години, што соодветствува на фактичкиот пречик од 18-25 светлосни години. Староста му е околу 220 милиони години, а најсветлата ѕвезда има величина од 5,6.
Поврзано
уредиСлики
-
Поширок поглед на M7, со кластерот во центарот на фотографијата
-
Местоположбата на М7 во соѕвездието Скорпија
Надворешни врски
уреди„Месје 7“ на Ризницата ? |
- Месје 7 Архивирано на 11 септември 2007 г. - SEDS (англиски)
- Месје 7 на WikiSky: DSS2, SDSS, GALEX, IRAS, Водород α, Рендгенски, Астрофото, Ѕвездена карта, Статии и слики
Оваа статија за ѕвездено јато е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Координати: 17ч 53,9м 00с, − 34° 49′ 00″