Прокалцитонин
Прокалцитонин (ПЦТ) е проформа (прохормон) на хормонот калцитонин и се формира во Ц клетките на штитната жлезда. Под одредени околности, како што се инфекции или операции, прокалцитонин се произведува и лачи неспецифично и од други клетки во телото како што се црниот дроб или масните клетки. Во 2005 година, Управата за храна и лекови (Food and Drug Administration, FDA) одобри определување на ПЦТ заедно со други лабораториски вредности за проценка на ризикот кај пациенти критично болни од сепса. Определувањето на ПЦТ треба да се прави во рамките на определување на други лабораториски параметри, а не изолирано, поради тоа што инфективната болест е премногу сложена за да се сведе само на еден сурогат маркер.[1]
Клиничка примена на ПЦТ
уредиОпшти информации за користење на ПЦТ
уредиПЦТ треба да се воспостави како маркер за дијагностика и следење особено на тешки бактериски инфекции. Меѓутоа, кога се толкуваат вредностите на ПЦТ, секогаш треба да се има на ум дека и неинфективни причини може да доведат до зголемување на ПЦТ во крвта и дека ниските вредности не исклучуваат инфекција или сепса.[2]
Зголемувањето на концентрацијата на ПЦТ над одредени одлучувачки граници укажува на зголемена воспалителна активност. Концентрацијата на ПЦТ во крвта веројатно се зголемува и при локализирани бактериски инфекции, вирусни инфекции, неинфективни воспалителни болести како на пример автоимуни процеси или по траума и операции, но во помала мера во споредба со растот на вредноста на ПЦТ кај тешки бактериски инфекции и сепса. Вредносните опсези на концентрацијата на ПЦТ се преклопуваат во поединечни воспалителни состојби до тој степен, што понекогаш може да предизвика проблеми да се утврдат јасни граници, врз основа на кои би било можно да се изведе дијагностичка корист од определувањето на ПЦТ. Досега се спроведени поголеми студии за утврдување на такви одлучувачки граници за примената на ПЦТ за дијагноза на клинички состојби како што се сепса и инфекции на долниот респираторен тракт.
Намалување на концентрацијата на ПЦТ кај бактериски инфекции, на пр.. под антибиотска терапија, е поврзано со намалување на воспалителната активност и е знак на делување на терапијаа, додека упорно висока или дури дополнително зголемена концентрација е знак на неделување на терапијата.
Сепак, клиничката придобивка од користењето на ПЦТ за дијагноза и следење на терапијата на воспалителни болести останува предмет на тековни дискусии. Еден недостаток на определувањето на ПЦТ е високата цена во споредба со класичните параметри на воспаление.
ПЦТ во дијагностика на сепса
уредиКај критично болните пациенти со симптоми на акутно системско воспаление, често е тешко да се одлучи дали имаат сепса или друга неинфективна болест (синдром на системски инфламаторен одговор, SIRS).
Нивоата на ПЦТ над 10 ng/ml укажуваат на голема веројатност за сепса, додека нивоа на ПЦТ под 10 ng/ml не ја исклучуваат сепсата. Со колкава сигурност ПЦТ овозможува диференцијација помеѓу сепса од една страна и неинфективни системски воспалителни состојби од друга страна сè уште не е доволно утврдено.[3][4][5]
ПЦТ кај респираторни инфекции
уредиКај локализираните бактериски респираторни инфекции, нивоата на ПЦТ се значително пониски отколку кај септичките инфекции. Во случај на бактериски бронхитис или пневмонија, на пример, нивоата на ПЦТ често се околу 0,25 - 0,5 ng/ml. Ваквите ниски отчитувања може да се откријат само со чувствителен метод за одредување на ПЦТ. Во една интервентна студија, нивоата чувствителни на ПЦТ беа користени за да се одлучи дали антибиотската терапија е индицирана или не кај пациенти со инфекции на долниот респираторен тракт. Резултатите од тестот не се недвосмислено позитивни: во некои случаи можело да не се даваат антибиотици без притоа да дојде до негативни ефекти врз текот на болеста, од друга страна беа опишани и слаби резултати.[6][7] Понатаму, се покажа дека времетраењето на администрацијата на антибиотици може да се скрати.[8][9]
Покачување на ПЦТ од други причини
уредиНезависно од присуството на инфективна болест, ПЦТ во ретки случаи може да биде покачен поради други причини. Покачен ПЦТ може да биде присутен по операција, сепса или траума. Исто така во контекст на кардиоген шок или тежок панкреатис (воспаление на панкреасот).[10] Исто така, ПЦТ може да биде покачен кај медуларен карцином на штитната жлезда или карцином на белите дробови без да има присуството на инфекција.
Мониторинг
уредиПЦТ, исто така се испитува за неговата корисност во следењето на текот на инфекцијата и следењето (мониторинг) на терапевтските интервенции. Вредностите на ПЦТ може да продолжат да растат до 24 часа по почетокот на успешната терапија. ПЦТ има полуживот ин виво од 24 часа.
Методи на мерење на ПЦТ
уредиВо нормални метаболички услови, хормонски активниот калцитонин се синтетизира во Ц-клетките на штитната жлеза, најпрво во неактивна форма на прохормон прокалцитонин (ПЦТ). По внатреклеточно протеолитичко отцепување од прокалцитонинот, биолошки активниот хормон калцитонин се излачува во крвта. Меѓутоа, кај бактериски инфекции и сепса, непроменет ПЦТ се лачи во крвта неспецифично од различни клетки во телото. Сите органи се сметаат за место на синтеза на прокалцитонинот во случај на бактериска инфекција. Кај здрави пробанди, концентрацијата на ПЦТ се зголемува 2-3 часа по индукцијата со интравенска администрација на липополисахариди и ја достигнува својата максимална вредност по 24 часа. Ин виво, ПЦТ е многу стабилен и има полуживот од приближно 24 часа. ПЦТ е исто така многу стабилен ин витро, така што нема посебни барања во однос на преаналитиката или складирањето на примероците. Постојат неколку имуноанализи за ин витро определување на ПЦТ. Сите методи може да се користат за одредување на ПЦТ во серумот и плазмата. Времето до добивање на резултатот е од 19 до 90 минути, во зависност од методот.
ПЦТ наспроти ЦРП
уредиВо споредба со Ц-реактивната белковина (ЦРП), најчесто користен биомаркер, определувањето на ПЦТ овозможува подобра диференцијација на вирусни наспроти бактериски инфекции [11] .
Сепак, ниту ЦРП ниту ПЦТ се чини дека се јасно сигурни клинички маркери за разликување помеѓу инфективни и неинфективни болести [12], бидејќи опортунистичките микроби (бактерии, габи) можат засилено да се формираат во секое време кај имуносупримирани пациенти.
Наводи
уреди- ↑ M. Christ-Crain, D. Stolz, R. Bingisser, C. Müller, D. Miedinger, P. R. Huber, W. Zimmerli, S. Harbarth, M. Tamm, B. Müller: Procalcitonin guidance of antibiotic therapy in community-acquired pneumonia: a randomized trial. In: American journal of respiratory and critical care medicine. Band 174, Nummer 1, Juli 2006, S. 84–93, doi:10.1164/rccm.200512-1922OC, PMID 16603606.
- ↑ AWMF-Leitlinie Prävention, Diagnose, Therapie und Nachsorge der Sepsis. (PDF) Registernummer 079 – 001.
- ↑ B. M. Tang, G. D. Eslick u. a.: Accuracy of procalcitonin for sepsis diagnosis in critically ill patients: systematic review and meta-analysis. In: The Lancet Infectious Diseases. Band 7, Nummer 3, März 2007, S. 210–217, ISSN 1473-3099 . doi:10.1016/S1473-3099(07)70052-X. PMID 17317602. (Review).
- ↑ B. Uzzan, R. Cohen u. a.: Procalcitonin as a diagnostic test for sepsis in critically ill adults and after surgery or trauma: a systematic review and meta-analysis. In: Critical care medicine. Band 34, Nummer 7, Juli 2006, S. 1996–2003. doi:10.1097/01.CCM.0000226413.54364.36. PMID 16715031. (Review).
- ↑ P. Sridharan, R. S. Chamberlain: The efficacy of procalcitonin as a biomarker in the management of sepsis: slaying dragons or tilting at windmills? in Surg Infect (Larchmt). 14(6), 2013 Dec, S. 489–511. doi:10.1089/sur.2012.028. PMID 24274059
- ↑ Saskia F van Vugt: Use of serum C reactive protein and procalcitonin concentrations. In: BMJ. 346, 2013, S. f2450.
- ↑ M. Christ-Crain, D. Jaccard-Stolz u. a.: Effect of procalcitonin-guided treatment on antibiotic use and outcome in lower respiratory tract infections: cluster-randomised, single-blinded intervention trial. In: The Lancet. Band 363, Nummer 9409, Februar 2004, S. 600–607. doi:10.1016/S0140-6736(04)15591-8. PMID 14987884.
- ↑ M. Christ-Crain, D. Stolz u. a.: Procalcitonin guidance of antibiotic therapy in community-acquired pneumonia: a randomized trial. In: American journal of respiratory and critical care medicine. Band 174, Nummer 1, Juli 2006, S. 84–93. doi:10.1164/rccm.200512-1922OC. PMID 16603606.
- ↑ eis: Atemwegsinfekt – Bakterien oder Viren? In: Ärzte Zeitung. Vom 7. April 2008.
- ↑ Michael Meisner: Update on Procalcitonin Measurements. In: Annals of Laboratory Medicine. 34, 2014, S. 263–273, doi:10.3343/alm.2014.34.4.263.
- ↑ L. Simon, F. Gauvin u. a.: Serum procalcitonin and C-reactive protein levels as markers of bacterial infection: a systematic review and meta-analysis. In: Clinical Infectious Diseases. Band 39, Nummer 2, Juli 2004, S. 206–217. doi:10.1086/421997. PMID 15307030. (Review).
- ↑ W. Nargis, M. Ibrahim, B. U. Ahamed: Procalcitonin versus C-reactive protein: Usefulness as biomarker of sepsis in ICU patient. In: Int J Crit Illn Inj Sci. 4(3), Juli 2014, S. 195–199, ISSN 2229-5151 . doi:10.4103/2229-5151.141356. PMID 25337480.