„Прислушкувач“ (германски: Der Ohrenzeuge) — збирка куси раскази од германскиот писател Елијас Канети. Првобитно, збирката е објавена во 1974 година, а македонскиот превод е објавен во 2010 година, од издавачката куќа „Темплум“. Преводот од германски јазик е направен од Бисера Анастасова.

Технички податоци

уреди

Збирката е објавена како 84 книга на библиотеката „Магма“. Книгата е отпечатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 121 страница. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи ознаката ISBN 978-9989-189-76-0. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата „Кома“. На предната корица е ставена слика на Никол Ајзенман (Nicole Eisenman). На задната корица се наоѓа мал осврт врз делото и куса биографија на авторот.[1]

Содржина

уреди

Збирката „Прислушкувач“ содржи 50 куси раскази, кои претставуваат литерарно-психолошки опис на 50 различни карактери. На крајот на книгата се наоѓа белешка за авторот. Во збирката се поместени следниве раскази: Најавувачката на кралеви, Подлизуркото, Поднесителот, Самодарителката, Дојавувачот, Љубителот на топли солзи, Слепецот, Големецот, Чувствителната на мириси, Имотот, Гласникот на смртта, Сомничавиот, Дождовникот на убавината, Заводничката, Злобникот, Вечно виновната, Збунувачкиот соговорник, Лудата по чаршафи, Колекционерот на вода, Брзоплетиот, Правоговорителката, Прислушкувачот, Губителот, Намотувачката на зловолие, Авантуристот, Месечевата братучетка, Крадливецот, Завештаниот, Ловецот на пакости, Оштетената, Археократката, Спокојната меѓу коњи, Книжниот молец, Прогонуваната, Изморената, Влечкото, Покорниот, Желната за султанот, Срамежливата соговорничка, Боговозвишувачот, Негувателката на гранит, Истражувачот на величини, Ѕвездено јасната, Сквернавителот на херои, Маестрозото, Освоената, Алчниот за мажи, Паталецот, Измислената, Неприсилениот.[2]

Наводи

уреди
  1. Елијас Канети, Прислушкувач, Темплум, Скопје, 2010.
  2. Елијас Канети, Прислушкувач, Темплум, Скопје, 2010.