Припишмински Бори

национален парк во Русија

Припишмински Бори (руски: Припышминские Боры) — национален парк во Русија . Припишминските шуми се наоѓаат во југозападниот агол на Западносибирската Низина. Паркот штити комплекс од борови и брезови шуми. Околу 10% од површината на паркот се состои од мочуришта, бари, утрини и пасишта. Паркот се наоѓа во Свердловската област, 150 км источно од Екатеринбург и 110 км западно од Тјумењ. Транссибирската железница поминува низ два дела од паркот.[1]

Припишмински бори
МСЗП — Категорија II (национален парк)
МестоСвердловска област Русија Русија
Најблизок градЕкатеринбург
Површина490 км²
Воспоставен(а)1993 година

Топографија

уреди

Припишмински Бори националниот парк е поделен на две секции. Талицката секција, се наоѓа на десниот брег на реката Пишма, југоисточно од градот Талица . Тоа е релативно рамна шума со борови, смреки и ариш. Другата секција, Тугулимска, се наоѓа на 32 км североисточно, во Тугулимскиот дистрикт. Зафаќа предел побогат со мочуришта и плавни ливади на реката Пишма, со шума од ариш, ела и кедар.[2] Во повисоките предели се среќаваат и борови шуми.

Клима

уреди

Климата во националниот парк Припишмински Бори е умереноконтинентална клима ( Кепенова класификација на климата Dfb), која се одликува со големи сезонски температурни разлики, со топли и жешки(често влажни) лета и студени (понекогаш многу ладни) зими. Врнежите се релативно добро распоредени во текот на целата година; просечната количина на врнежи се 432 mm.[3]

Припишмински Бори, Свердловск, Русија
Климатограм
ЈФМАМЈЈАСОНД
 
 
&100000000000000080000000,8
 
&1000000000000001000000010
&09999999999999994999999−5
 
 
&100000000000000060000000,6
 
&1000000000000001400000014
&09999999999999996999999−3
 
 
&100000000000000060000000,6
 
&1000000000000002700000027
&100000000000000090000009
 
 
&100000000000000090000000,9
 
&1000000000000004800000048
&1000000000000002900000029
 
 
&100000000000000150000001,5
 
&1000000000000006400000064
&1000000000000004100000041
 
 
&100000000000000210000002,1
 
&1000000000000007400000074
&1000000000000005200000052
 
 
&100000000000000310000003,1
 
&1000000000000007600000076
&1000000000000005600000056
 
 
&100000000000000240000002,4
 
&1000000000000007100000071
&1000000000000005200000052
 
 
&100000000000000170000001,7
 
&1000000000000006000000060
&1000000000000004200000042
 
 
&100000000000000130000001,3
 
&1000000000000004300000043
&1000000000000002900000029
 
 
&100000000000000110000001,1
 
&1000000000000002600000026
&1000000000000001300000013
 
 
&100000000000000090000000,9
 
&1000000000000001300000013
&09999999999999998999999−1
Прос. мин. и макс. температура во °C
Вкупно врнежи во мм


Екорегион

уреди

Припишмински Бори е дел од екорегионот на Западносибирската тајга (WWF ID # 611), регион кој се одликува со четинарски шуми со бор, смрча и ариш.[4] Слатководниот екорегион е класифициран како „Басен на реката Об“ (FEOW ID # 602) и се одликува со рамничарско речна топографија, континентална клима и бројни видови слатководни риби како штука, чиков и белица.[5]

Наводи

уреди
  1. „Pripyshminskie Bora National Park“. FGBU Pripyshminskie Bora. Посетено на 31 декември 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Pripyshminskiye Bor“. Wild Russia. Посетено на 31 декември 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Climate of Pripysminskie forest“. GlobalSpecies.org. Архивирано од изворникот на 14 ноември 2016. Посетено на 31 декември 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Western Siberian Taiga“. GlobalSpecies.org. Архивирано од изворникот на 6. 03. 2016. Посетено на 31 декември 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  5. „Ob River Deainage Ecoregion“. Freshwater Ecoregions of the World (FEOW). Посетено на 31 декември 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)