Префектура (Франција)

(Пренасочено од Префектури на Франција)

Префектурата (фр. préfecture) во Франција е поим што подразбира:

Улогата на префектурите во департманите

уреди

Во земјата има 101 префектури - по една за секој департман. Со секоја раководи префект (préfet). Префектурите во целина се надлежност на Министерството за внатрешни работи. Така, прафектурата е задолжена за издавање на лични карти, возачки дозволи, пасоши, дозволи за престој и работа за странци, регистрација на возилата, регистрација на граѓански здруженија и раководство со полицијата и противпожарните служби.

Префектот е претставник на државната управа на локално ниво, и како таков е носител на надлежностите што ѝ припаѓаат според уставот. Префектот издава уредби за примената на локалните закони, како на пр. затворање на објекти што не ги исполнуваат градежните регулативи, измена на сообраќајните правила и др.

Управниот орган на департманот е генералниот совет (Conseil général), кој е надлежен за изградба и одржување на училишта и патишта, социјална помош, унапредување на локалниот стопански развој итн. Порано на чело на департманот стоел префектот, но од 1982 наваму оваа улога ја има претседателот на генералниот совет.

Париз

уреди

Париз и трите околни департмани претставуваат исклучок во однос на полицијата и безбедноста. Тие се водат под една единствена префектура, наречена „префектура на полицијата“ (préfet de police). Ова е оставнина од состојбата за време на Париската комуна од 1871 г. Во другите општини за полициските работи е задолжен градоначалникот.

Поделба на дерпатманите

уреди

Департманите се поделени на окрузи, кои пак се делат на кантони. Административниот центар на округот се нарекува потпрефектура (sous-préfecture), на чие чело стои потпрефект (sous-préfet). Кантоните имаат релативно малку надлежности, од кои најважна е локалното организирање на избори.

Поврзано

уреди