Актуелниот Устав на Република Србија (српски: Устав Републике Србије / Ustav Republike Srbije), исто така познат како Митровденски устав (српски: Митровдански устав / Mitrovdanski ustav) — устав кој бил усвоен во 2006 година, заменувајќи го претходниот устав од 1990 година[1]. Усвојувањето на новиот устав станало неопходно во 2006 година кога Србија станала независна по отцепувањето на Црна Гора и распаѓањето на Србија и Црна Гора. Овој устав не се однесува на самопрогласената Република Косово која прогласила независност во 2008 година.

Устав на Србија
Устав на Србија
ТериторијаСрбија (со Косово)
Прогласен одНародно собрание
Дата на донесување30 септември 2006
Во сила од8 ноември 2006
Поврзано
Устав на Косово
Статус: Unknown

Предложениот текст на уставот бил усвоен од страна на Народното собрание на 30 септември 2006 година и бил одржан референдумот кој се одржал на 28 и 29 октомври 2006 година. 53,04% од електоратот го поддржал предложениот устав кој официјално бил усвоен на 8 ноември 2006 година.

Главни одредби

уреди

Разликите меѓу сегашниот и претходниот устав се:

  • Се признава само приватна, корпоративна и јавна сопственост; социјалните средства престануваат да постојат.
  • На странските државјани им е дозволено да поседуваат имот.
  • Целосната независност се доделува на Народна банка на Србија.
  • Како дел од процесот на децентрализација, се доделува сопственичките права на општинските имоти на локалните општини.
  • Провинцијата Војводина добива ограничена финансиска автономија.
  • Уставот за првпат ги спомнува европските вредности и стандарди.
  • Уставот го признава српскиот јазик и српската кирилица како службен јазик и писмо во употреба, соодветно.
  • Усвојување на државната химна (Боже на правдата).
  • Посебна заштита за правата на потрошувачите.
  • Поголема слобода на информации.
  • Бракот се дефинира како заедница меѓу маж и жена

Наводи

уреди
  1. „Rare unity over Serb constitution“. BBC News. 30 October 2006.

Надворешни врски

уреди
 
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: