Претседателски избори во САД (1800)
Претседателски избори во САД, 1800 — четврти претседателски избори во САД. Започнале на 31 октомври и траеле до 3 декември 1800. Понекогаш се нарекуваат и „Револуцијата во 1800“.[1][2] Дотогашниот потпретседател Томас Џеферсон го победил дотогашниот претседател Џон Адамс.
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мапа на изборните резултатит. Зелената боја ги означува сојузните држави каде што победил Џеферсон, а портокаловата ги означува државите каде што победил Адамс. Сивата боја ги означува териториите каде што не се гласало. Бројките го покажуваат бројот на избирачки гласови распоредени по сојузна држава. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Заднина
уредиОвие избори биле почеток на падот на Федералистичката партија, додека пак од друга страна започнал нов период на владеење на Демократско-републиканската партија. Ова било долго и горчливо повторување на изборите во 1796 помеѓу про-француските и про-децентралистичките демократски републиканци на чело со Џеферсон и Арон Бјур против про-британските и про-централистичките федералисти на чело со Адамс и Чарлс Пинкни. Главните политички прашања и ставови гравитирале околу последиците од француската револуција, како и спротивставување на данокот наметнат од страна на американскиот Конгрес со цел финансирање на мобилизација на новата армија и морнарица во квазивојна против Франција во 1798.
Додека демократските републиканци биле добро организирани на локално како и на ниво на сојузна држава, федералистите биле неорганизирани и претрпеле големи поделби помеѓу нивните водачи, претседателот Адамс и Александар Хамилтон. Трката со цел освојување на избирнички гласови како и кампањите на оцрнување од страна на двете партии ги направиле овие избори да бидат слични на современите.
Овие избори изложиле еден од недостатоците на првичниот Устав на САД. Членовите на избирачкиот колегиум имале овластување според првичниот устав да гласаат за две имиња на личности кандидати за претседател.
Двогласното избирачко ливче било создадено со цел да се зголеми можноста дека еден од кандидатите би добил гласови од мнозинството на избирачи на национално ниво, уставотворците не го предвиделе растот на организираните политички партии, што многу полесно би го направило добивањето на мнозинство на национално ниво.
Кандидатот кој добил најголем број на избирачки гласови станувал претседател, додека кандидатот со втор најголем број бил избран за потпретседател. Демократските републиканци планирале еден од избирачите да не го даде својот втор глас за Арон Бјур, со тоа што Џеферсон би добил еден избирачки глас повеќе од Бјур, притоа Џеферсон би бил избран за претседател, а Бјур за потпретседател. Сепак, овој план не бил соодветно извршен. Секој избирач кој гласал за Џеферсон исто така гласал и за Бјур, резултирајќи со изедначен број на избирачки гласови. Резултатот потоа бил ставен во рацете на Претставничкиот дом, кој по 35. гласови во кои Џеферсон и Бјур не успеале да добијат мнозинство, го избрале Џеферсон на 36. гласачко ливче.
Со цел исправање на недостатокот во првичниот воспоставен избирачки механизам во уставот, XII амандман, ратификуван во 1804 бил додаден во уставот на САД. Тој ги обврзувал избирачите да направат свој дискретен избор помеѓу нивното гласање за претседател и потпретседател.
Кандидати
уредиДемократско-републиканска партија
- Томас Џеферсон, потпретседател на САД од Вирџинија
- Арон Бјур, поранешен сенатор од Њујорк
Федералистичка партија
- Џон Адамс, претседател на САД од Масачусетс
- Чарлс Пинкни, поранешен амбасадор на САД во Франција од Јужна Каролина
Резултати
уредиКандидат | Партија | Сојузна држ. | Број на гласови | Избирачки гласови | |
---|---|---|---|---|---|
Број | Процент | ||||
Томас Џеферсон | Демократско-републиканска партија | Вирџинија | 41.330 | 61,4 % | 73 |
Арон Бјур | Демократско-републиканска партија | Њујорк | — | — | 73 |
Џон Адамс | Федералистичка партија | Масачусетс | 25.592 | 38,6 % | 65 |
Чарлс Пинкни | Федералистичка партија | Јужна Каролина | — | — | 64 |
Џон Џеј | Федералистичка партија | Њујорк | — | — | 1 |
Вкупно | 67.782 | 100 % | 276 | ||
Потребни избирачки гласови | 70 |
Извор[3]
Наводи
уреди- ↑ „Thomas Jefferson: The Revolution of 1800“. PBS. Посетено на April 23, 2012.
- ↑ „A Revolution of 1800 After All: The Political Culture of the Earlier Early Republic and the Origins of American Democracy“. Jeffrey L. Pasley University of Missouri-Columbia. Посетено на April 23, 2012.
- ↑ http://www.ourcampaigns.com/RaceDetail.html?RaceID=59539 и http://www.archives.gov/federal-register/electoral-college/scores.html#1800