Преку Река (Мирковци)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Преку Река

Карта

Местоположба 42°5′39″N 21°24′23″E / 42.09417° СГШ; 21.40639° ИГД / 42.09417; 21.40639
Основни податоци
Место Мирковци
Општина Чучер-Сандево
Тип

 осамен наод


Период римско време
Портал „Археологија“

Преку Рекаархеолошко наоѓалиште крај скопското село Мирковци. Претставува осамен наод од римското време. Од ова место потекнуваат повеќе споменици од бел мермер евидентирани од Н. Вулиќ: надгробна стела од која е зачува делот со латински натпис; дел од релјеф со претстава на Венера и мал крилест гениј; надгробен споменик со релјефно претставена розета, чешел и огледало; горен дел од надгробна стел со розета и претстава на огледало и чекан; и плочест дел со релјефна претстава на воловска глава (букранион) од чија лева страна виси гирланда. Наодите се чуваат во лапидариумот на Музеј на МакедонијаМузејот на Македонија во Скопје.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 379, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069