Прва битка кај Мазурските Езера

Прва битка кај Мазурските Езера е германска офанзива на Источен фронт во раната фаза Првата светска војна. Германците ја потиснале Првата руска армија во должина на целиот фронт, но Десеттата руска армија со напад го сопрела напредувањето на Германците. По оваа битка уследило повлекување на руската војска со големи загуби.[1]

Прва битка кај Мазурските езера
Дел од Источен фронт (Прва светска војна)
EasternFront1914a.jpg
Источен фронт 26 септември 1914.
Датум 7–14 септември 1914
Место Источна Прусија, Германија, денешна Полска)
Исход Германија победила
Завојувани страни
 Германско Царство  Руско Царство
Команданти и водачи
Германско Царство Паул фон Хинденбург Руско Царство Паул фон Рененкамф
Вклучени единици
Германско Царство Руско Царство

Почетни борби уреди

Руската војска ја започнала офанзивата добро, а генералот Паул фон Рененкамф со Првата армија ги потиснувал Германците од границата кон Калињинград. Втората руска армија се доближувала од југ со цел да им пресече одстапница на Германците во околина на градот. Но, полковникот Макс Хофман се подготвил за да ја нападне Втората армија дидека напредувала преку брдските терени кон север. Со прегрупирање на силите, оставајќи мали групи војска пред Првата армија што пристигнувала од исток, Хофман подготвил стапица за Втората армија. Во овој план Германците имале помош од пресретнување на нешифрирани руски пораки, што се покажало како клучна преднст. Врората руска армија била уништена во периодот од 26 до 30 август 1914 година.

 
Источен фронт во Прва светска војна

На германската офанзива ѝ одела во прилог и нетрпеливоста помеѓу руските генерали, командантот на Втората армија Александар Самсонов отворено го критикувал Рененкамф неколку години порано и меѓу нив постоел отворен конфликт. Кога се создала празнина меѓу двете армии, Рененкамф не брзал да ја пополни. Меѓутоа, кога ги открил намерите на Германците веќе немал можности да ѝ помогне на Втората армија, бидејќи бил оддалечен од нив повеќе од 83 километри. Неговите единици биле раширени по огромна ширина на фронтот додека брзале кон Втората армија. Првата армија била изложена на напад од запад, а германската војска била во предност поради подвижноста што ѝ ја овозможиче железничките линии.

Кога Русите биле поразени во Битка кај Таненберг на 31 август во 1914 година, Раненкамф наредил подготовка за случај да бидат нападнати. Бидејќи согледал колку е развлечена Првата арнија, тој наредилје повлекување на линијата од Кенигсбершки обрамбени линиии на север до Мазурските езера. Како појачање добил Дваесет и четвртиот корпус, кој го поставил пред Кенигсберг. Поискусната војска ја поставил јужно, јон главните линии. Го очекувал доаѓањето на Десеттата армија и во резерва имал две дивизии.

Битка уреди

Германците до 2 септември се пресметувале со остатоци од Втората руска армија. Паул фон Хинденбург вднаш ги кренал своите единици кон јужниот крај на Рененкамфова линија. Не обрнувал внимание на десното крило, бидејќи тоа се наоѓало под силни одбранбени линии кај Калињинград. Германците добуле појачање од два корпуси и со тоа за првпат од почеток на војната биле помногубројни од Русите.

Како и Рененкамф, така и Паул фон Хинденбург ја пратил помалку искусна војска на север, а офанзивата ја планирал на југ. Хинденберг имал довлно војска да ја покрие Инстербуршката празнина, и да сочува војска во резерва. Своите најдобри единици, Првиот и Седумнаесеттиот јорпус ги испратил кон средина на Мазуршкиte езера, а Третата резервнa дивизијa ја испртил крајо јужно до Лик, околу 70 километри од јужниот крај на Рененкамфова линија.

Хинденбургови јужни единици започнаке да напредуваат на 5 септември, на почеток неимале отпор, сè до 7 септември. Во рек на 8 септември германските сили на север се судриле со Русите и ги присилиле на повлекување кон исток. На југ работите не се одвивале добро за Германците, на почеток Седумнаесеттиот корпус наишол на Втприот руски корпус и бил бројно послаб. Вториот руски корпус направил добри маневри со кои преминал во напад за да го опкружи непријателот.

Меѓутоа на 9 септември на Германците им се приклучил Првиот корпус. Исто така, Третата германска резервна дивизија се судрила со руската Седумнаесеттата и по силна борба ги принудила Русите да се повлечат кон југоисток. Командантот на руската дивизија веднаш го известил Рененкамф дека е нападнат и поразен кај Лик и декамора да се повлече. Рененкамф веднаш наредил контраофанзива на север, за добие време за обнова линијата. На север успеал да ги потисне Германците. Германците не застанувале да ги средат своите линии, туку продолжувале да напредуваат и на север и на југ. Со тоа дел од руската војска што победил бил изолиран, но успеале да заземат новопоставени линии.

Потоа битката се свртела во полза на Германците. До 11 септември Русите биле потиснати до линијата од Инстербург до Ангербурга на север. На Првата руска армија ѝ се заканувало опколување и уништување.[2] Затоа Рененкамф наредил општо повлекување кон руската граница, што го спровел брзо, под силна заштита. Така не биле обиколени, а Паул фон Хинденбург им наредил на германските крилја да го забрзаат маршот колку што можат, со цел да ги опкружат. Со една дезинформација за рускиот напад, германските сили биле забавени за половина ден, а Русите успеале да се извлечат од обрачот.

На 12 септември Русите стигнале до Гумбинен, а на 13 септември до Сталупонен, со тоа се повлекле на сигурни гранични тврдини. Десеттата руска армија исто така морала да се повлече источно до сигурни позиции, каде што со удар го запрела германското продирање.

Резултати уреди

Осмата германска армија остварила една од најголемите победи во историја. Потполно ја униптила Втората руска армија, нанела тешки загуби и ја отфрлила руската војска од германските територии.

Новиот германски корпус под команда на Вон дер Голц можел да го искористи тој напредок и да ја постави својата војска во позиција да го уништи остатокот на Втората руска армија. А на исток е формирана нова, Деветта германска армија.

Главните битки на Источниот фронт се воделе помеѓу Австроунгарија и Русија на јужниот дел од фронтот. Русите ѝ нанеле тежок пораз на австроунгарска војска во Битка кај Лавов на 11 септември 1914 година. По таа битка Русите напредувале на фронтот за 200 километари кон Карпатите.

Наводи уреди

  1. Пахалюк К. Восточная Пруссия, 1914—1915. Неизвестное об известном. Калининград, 2008
  2. Gray, Randall; Argyle, Christopher (1990–91). Chronicle of the First World War. New York: Oxford. p. vol. I, 282.