Портокалово-лентест синец
Портокалово-лентест синец | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Lycaenidae |
Род: | Scolitantides |
Вид: | S. orion |
Научен назив | |
Scolitantides orion (Pallas, 1771) | |
Синоними | |
|
Портокалово-лентестиот синец (Scolitantides orion) е пеперуга од видот на пеперуги синци. Живее од Европа (вклучително и Македонија) па сè до Источна Азија.[1]
Подвидови
уреди- S. o. orion Europe (Грција, Македонија, Бугарија, Русија, Кавказ, централен Сибир, Руски Далечен Исток
- S. o. jezoensis (Matsumura, 1919) Амурска Област, Сахалин
- S. o. johanseni (Wnukowsky, 1934) Северна Кина Алтајски Планини, Тјен-Шан
- S. o. lariana (Fruhstorfer, 1910) Алпи, Корзика, Северна Италија до Грција
- S. o. parvula De Sagarra 1926 Шпанија и Франција
- S. o. ultraornata Verity, 1937 Скандинавија
Опис
уредиМажјаците се големи од 13 до 16 мм. Во Франција најчесто имаат по една генерација годишно, каде возрасните единки летаат од мај до јуни. Ретко имаат две генерации во мај и септември. Овие пеперуги живеат на карпести предели до надморска висина од 1000 метри.
Горната страна на крилјата на пеперугата е сина, со различна нијана од темносина. Краевите на крилјата се означени со бели дамки, а покрај самиот раб на крилјата има светлосини дамки со различна големина и распоред. Долната страна на пеперугата е сосема различна, односно е бела исшарана со црни дамки со различна големина и распоред. На долната страна се наоѓа карактеристичниот белег на пеперугата, односно порокалова лента.[2]
-
Scolitantides o. orion ♀
-
Scolitantides o. orion ♀ △
Наводи
уреди- ↑ Scolitantides at Markku Savela's website on Lepidoptera
- ↑ Adalbert Seitz Die Großschmetterlinge der Erde, Verlag Alfred Kernen, Stuttgart Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.