Портал:Шах/Избрана статија/Шаховски турнир во Вајк ан Зе
Шаховскиот турнир во Вајк ан Зе е е ден од најсилните шаховски турнири. Се одржува секоја година, најчесто во јануари, од 1937 (со исклучок во 1945, кога не е одржан). До 1967, турнирот се одржувал во градот Бевервијк, Холандија, а од наредната 1968 во Вајк ан Зее.
Од 1946 турнирот официјално се викал „Турнир Хоговенс“(холандски:Hoogovenstoernooi), по името на компанијата-спонзор, холандскиот металуршки концерн „Хоговенс“. Во 1999, компанијата се обединила во компанијата „Бритиш-стил“ во новосоздадената компанија Corus Group, па откако новосоздадената компанија продолжила да го поддржува турнирот, тој се нарекува „Турнир Корус“(англиски:Corus Chess). Но, сепак неофицијално турнирот го нарекуваат според името на градот во кој се одржува.
На турнирот нучествувале многу познати шахисти, а од 1938 како победници се јавиле многу големи имиња во светот на шахот, како: Mакс Еве, Бент Ларсен, Тигран Петросјан, Паул Керес, Ефим Гелер, Лајош Портиш, Борис Спаски, Михаил Ботвиник, Михаил Таљ, Виктор Корчној, Јан Тиман, Анатолиј Карпов, Владимикр Крамник, Гари Каспаров, Вишванартан Ананд и Веселин Топалов. Всушност, од светските шампиони по Втората светска војна, на оваа листа ги нема само имињата на Василиј Смислов и Боби Фишер. Во 2001, на турнирот учествуваа 9 од најдобрите 10 шахисти во светот. Прочитајте повеќе