- декември
Ф. Саведра, крај на 19. век
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, победува!
Решение |
---|
| Ова е познатата Саведрова позиција, која го добила името по шпанскиот свештеник Фернандо Саведра, кој победил во завршница во која се појавила оваа позиција. До оваа партија, оваа позиција била оценувана како реми.
Материјалната предност на црниот е излишна, бидејќи белиот има многу силен пешак, кој придружуван од својот крал настојува да се промовира во дама. Силниот пешак би го чинел црниот топ, со што партијата би завршила реми. Но, целта на белиот е да ги неутрализира нападите на црниот топ на неговиот пешак. Најразумно решение е потегот 1.c7!, бидејќи ова е единствениот потег со кој белиот го оневозможува црниот да го нападне неговиот пешак (на 1.Кb7 или 1.Кс7 следува 1...Тс5, со што белиот пешак е нападнат и партијата завршува со реми). Сега, единствена можност за црниот е да се обиде со постојано објавување на шах да ја одложи промоцијата на белиот пешак, но и со тактичка игра да го одвои белиот крал од пешакот и да создаде услови за реми. Па, така следува 1...Тd6+. Единствен потег за црниот, кој содржи силна тактичка замисла. Сега белиот не може да го избегне објавувањето на шах во серија со потегот 2.Kb7, бидејќи по 2...Td7, пешакот е врзан и во следниот потег ќе биде освоен од страна на црниот, со што партијата ќе заврши реми. Затоа, правилно решение е 2.Кb5! Белиот отстапува со кралот, но под контрола го има и важното поле с6. Црниот продолжува со 2...Тd5+. Сега лошо е и 3.Кс4, но и 3.Кс4, бидејќи црниот со 3...Тd1 подготвува напад на белите сили по с-вертикалата и партијата би завршила реми. Затоа, единствен потег е 3.Кb4. Оваа тактика на белиот продолжува. Следува 3...Тd4+ 4.Kb3 4...Тd3+ 5.Kc2! Со последниот потег, белиот го лишува црниот од објавување на шах, но и од можноста за контрола на с-вертикалата, бидејќи белиот го контролира полето с1. Неизбежена е промоцијата на белиот пешак. Но, сега следува ново тактичко надмудрување со потегот 5...Тd4! Со овој потег, црниот го оневозможува белиот да го промовира својот пешак во дама, па така по 6.с8D, следува 6...Td4+!! 7.Dxd4 пат. Поради оваа замисла на црниот, белиот потребно е да промовира во топ, играјќи 6.с8T! Сега замислата на црниот е безуспешна, бидејќи по 6...Td4+ 7.Txd4, позицијата не е пат. Сега, белиот е во подобра позиција и по 6...Та4, со 7.Кb3, црниот е принуден да избере дали да го загуби тпот или да биде матиран на c1.
|
|
- ноември
Џ. Андерсон, 1944г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, мат во 4 потези!
Решение |
---|
| Во оваа позиција, црниот крал се наоѓа во пат позиција, па се чини дека белиот со првиот шах може да го матира. Сепак, бројните фигури на таблата ја отежнуваат целта да се матира противничкиот крал во 4 потези и создавваат потреба од тактичка игра.
Во позицијата, белиот има ловечка двојка, а црниот крал се наоѓа на бело поле, што му овозможува на белиот да размислува на мат со белополниот ловец. Сепак, белополниот бел ловец е лошо позициониран, бидејќи црниот крал е во непосредна близина, па идејата е најпрвин да се одаечи белиот ловец, па потоа да се матира црниот крал. Во овој поглед, белиот има на располагање три можности, да одигра 1.Lg4, но замислата 2.Lh5 не е мат, бидејќи ловецот ја напшушта дијагоналата h3-c8, па црниот крал би се „сокрил“ на е6, па мат во преостанатите 2 потега нема. Втората можн ост, 1.Ld3 е поконкретна, бидејќи белиот се заканува да матира во еден потег, со потегот 2.Lc4, но во овој случај црниот го има на располагање силниот потег 1...d5!, па пешакот на d5 ги контролира важните полиња с4 и е4, па со ова белополниот бел ловец би бил „блокиран“ со што на белиот не може да победи во бараниот број на потези. Но, белиот има и трета можност, со која се заканува да матира и го оневозможува црниот пешак да го ограничи. Тоа е потегот 1.e4! Со овој потег белиот се заканува да матира, играјќи 2.Ld5, а со тоа го оневозможува црниот пешак да се позционира на нападнатото поле. Сега, единствен потег на црниот е потегот 1...Ke6, но сега следува 2.Ld3! Неверојатно, но белиот загуби цело темпо, цел еден потег, само за да го позиционира противничкиот крал на посакуваната полуотвиорена петта хоризонтала, по која владее белиот топ на b6. Сега, заканата е 3.Lc4+ и по 3...d5 4.Lxd5#. Во оваа позиција, црниот не може да одигра 2.d5, бидејќи пешакот е врзан. Поради тоа, црниот е принуден да се врати со својот крал на f7, па следува 2...Kf7 (секој друг потег на црниот доведува до 3.Lc4#). По ова, победничката комбинација е јасна: 3.Lc4+ 3...d5 и 4.Lxd5#.
|
|
- октомври
В. Шинкмен, 1910г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, мат во 3 потези!
Решение |
---|
| Позицијата на дијаграмот е шаховски проблем во којшто решението е во првиот „тактички“ потег, со кој се нарушува хармонизацијата на црните фигури.
Во дадената позиција, црниот крал нема на располагање ниту едно слободно поле, па се чини дека белиот може да матира уште во првиот потег, играјќи со еден од своите два топа. Но, контролата на полињата g8 од страна на црната дама на а2 и а8 од страна на ловецот од g2. Го оневозможуваат белиот да матира. Сепак, важно е да се напомене дека од белиот се бара да матира во 3 потези, а основната логика би била во затворање на некоја од овие две дијагонали. Како најпримамливи потези за белиот во оваа позиција се 1.Таxd7+ или 1.Тgxd7+. Но, и по едниот и по другиот потег белиот е во можност да создаде закана за мат во еден потег, но црниот без проблем би ја одбил (на пр. 1.Таxd7+ 1...Ке8 2.Тс7, со закана 3.Тс8#, но би следувало 2...Td8 и мат во 3 потези нема). Но, белиот на располагање го има потегот 1.d5!! Ова е т.н. „плачута“, односно жртва, која овозможува решавање на шаховскиот проблем. Со овој потег, белиот не затвора една, туку и двете дијагонали, кои ги контролираат дамата и ловецот. Црниот може да ја прими жртвата, но овој потег предизвикува нарушување на хармонизацијата во распоредот на неговите фигури. Сега доколку следува 1...Dxd5, белиот мора да биде особено внимателен и да одигра 2.Та8+! (не 2.Тg8?? заради 2...Dxg8 и црниот повторно има контрола на двете дијагонали и мат во следниот потег за белиот нема), за по единственото 2...Dxa8 да матира играјќи 3.Тg8. А, доколку црниот одигра 1...Lxd5, тогаш белиот е потребно да одигра 2.Tg8+! (во овој случај, потегот 2.Та8 е голема грешка, а причината веќе беше објаснета) за по 2...Dxg8 да матира со потегот 3.Та8.
|
|
- септември
В. Коволков, 1935г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, победува!
Решение |
---|
| Во оваа позиција се содржани неколку умешни потези од двете страни.
Црниот има премногу опасни пешаци, кои се закануваат со промоција, па се чини дека со потегот 1.Тb1, белиот нема ништо да направи, бидејќи по 1...е2 црниот ќе ја осигура промоцијата. Затоа, во оваа позиција за белиот најдобро е да возврати со контранапад, играјќи 1.d7. Сега, од црниот се бара голема претпазливост. Доколку, тој го промовира f-пешакот во дама (1...f1D), тогаш белиот ќе промовира со шах (2.d8D+) и по евентуалното 2...Ке5, белиот го има на располагање потегот 3.Da5+, па црниот е принуден да ја даде својата дама за да се избави од матната закана. Друга можност, која во оваа позиција е и правилна за црниот е да оди во потера по опасниот бел пешак, играјќи 1...Ке6. Но, сега за белиот се поставува прашањето, како да се продолжи. Црниот се заканува со промоција во наредниот потег, белиот топ на првиот ред нема некое решавачко влијание, бидејќи црниот би го приближил и е-пешакот на поле од промоција (...е2). Затоа, се чини дека белиот е потребно да одигра некој вешт потег, како 2.Тb8! Овој потег е уште едно предупредување за црниот дека промоцијата уште во следниот потег, може да биде побугна, бидејќи, белиот повтоно би промовирал со шах (по 2...f1D 3.d8D+), па доколку црниот ја земе белата дама, со потегот 4.La6+!, белиот ја освојува црната дама, па по 4...Кс7 5.Lxf1 5...Kxb8 6.gxh4, белиот има добиена позиција поради силниот h-пешак. Поради тоа, од црниот се бара исто така голема умешност, која се крие во потегот 2...Lxg3! Со овој потег црниот ја напаѓа потенцијално опасната бела фигура и се чини си ги зголемува шансите за победа. Сега се чини дека белиот треба да го земе ловецот, но тоа води само до реми, бидејќи по позицијата со откриен шах која беше објаснета, белиот ќе остане без пешаци, за разлика во претходната ситуација, кога белиот го имаше на распшолагање h-пешакот. Единствен потег кој ја одржува позицијата на белиот, а истовремено ја намалува и опасноста на црниот крал е потегот 3.Та8! 3...f1D. Секој друг потег на црниот води до загуба на темпо, бидејќи белиот е во можност да им се приближи на црните пешаци (на пр. 3...Lh2 4.Kh3, проследено со 5.Кg2). Следува 4.d8D+ 4...Kxd8 (логичен потег, бидејќи во спротивно црниот форсирано ќе загуби) 5.Lxa6+ 5...Lxb8! Повторно вешт потег. Сега белиот мора да внимава, бидејќи по наметливото 6.Тxb8+, црниот со 6...Кс7, обезбедува реми. Затоа најдобро е веднаш 6.Lxf1. Следува 6...Кс7 со намера 7...Кb7 и 8...Кха8. 7.Lа6. Овој потег го продолжува исполнувањето на планот на белиот, но сега црниот се заканува со промоција на е-пешакот, играјќи 7...е2. Следува 8.Lxe2 8...Kxb7 и 9.Lxf3. Сега на 9...Kxa8, белиот ефектно матира со 10.Lxc6#, во спротивно, белиот ја задржува материјалната предност и лесно победува.
|
|
- август
Извадок од петнаесеттата партија во мечот за светски првак М. Таљ - М. Ботвиник, Москва, 1960г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, победува!
Решение |
---|
| Оваа позиција настанала по потегот 39...Dd5 во петнаесеттата партија од мечот за светски првак во 1960 меѓу Михаил Таљ и Михаил Ботвиник.
Очигледно е дека белиот, кој е на потег е во можност да нападне и да ја обезбеди победата, но сепак целта на оваа позиција е да се најде најкраткиот и најдобар пат до победата. На ова место, Таљ одиграл 40.Тха6+! Со овој потег белиот, понудувајќи жртва овозможува отворање на а- или b-вертикалата. Доколку црниот ја прими жртвата, играјќи 40...bах6, белиот форсирано победува по 41. Dxa6+ 41...Та7 42.Dxc8+ 42...Db8 43.Dxb8#(на 40...Ках6 41.Db6#). Овде, Ботвиник, пресметувајќи ја оваа комбинација, ја видел неодбранливата матна закана, па ја одбил жртвата, играјќи 40...Кb8, но по 41.Dа4 се предал, бидејќи неодбранлива е матната закана 42.Та8+ 42...Кc7 43.Da5+ 43...Kc6 (на 43...b6, следува 44.Dxb6#) 44.Db6#.
|
|
- јули
В. Леонов, 1981
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, мат во 2 потега!
Решение |
---|
| Дадената позиција претставува шаховски проблем, кој бара голема претпазливост и логичко размислување при неговото решавање. Целта е да се матира противничкиот крал во 2 потега, но се чини дека ниту една фигура на белиот не може дниту да му објави шах на црниот крал во 2 потега. Дали?
Сигурно многумина гледајќи ја оваа позиција ќе си помислат дека овој шаховски проблем нема решение, бидејќи на прв поглед, очигледно е дека белиот не може да објави ниту шах, а никако мат во 2 потега. Но, доколку темелно се анализира позицијата и како таа настанала, може лесно да се заклучи дека е чудна положбата на двојните бели пешаци на а5 и а6, односно според положбата на црните пешаци, невозможно е да се создаде таква пешачка структура. Но, јасно е дека последниот потег го одиграл црниот. Па, според шаховските анализи, тоа најверојатно бил потегот ...b5. Од ова произлегува дека решение на оваа позиција е потегот 1.аxb6 (ан-пасан) (претпоставката за потегот ...b5, можеше да се претпостави и без оваа анализа, бидејќи единствен начин да се матира во 2 потега е да се земе на поминување; сепак, добро е да се покаже зошто претходниот потег бил потегот ...b5). Всушност, земањето на поминување, односно потегот 1.axb6, претставува и решение на овој проблем, бидејќи единствен потег на црниот е потегот 1...а3, по што белиот матира со 2.b7#.
|
|
- јуни
Л. Р. Луцена, околу 1500
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, победува!
Решение |
---|
| Ова е познатата позиција на Луцена, наречена по познатиот шпански шахист и пионер на модерниот шах, Луис Рамирес де Луцена. Позицијата на Луцена може да биде претставена во различни варијанти, на различни делови од таблата, но сепак идејата во сите варијанти е идентична.
Во оваа топовска завршница, белиот има пешак предност, кој се наоѓа на седмата хоризонтала, позади кој се наоѓа белиот крал, кој е заштитен од постојаното објавување на шах на црниот топ. За да дојде победа, целта која треба да ја оствари белиот е јасна, да се оневозможи црниот топ постојано да објавува шах. Единствен потег во оваа позиција е 1.Td1+. Ова е принуден потег за белиот, бидејќи неговиот крал на b8 се наоѓа во пат позиција. Следува 1...Ке7, по што белиот ослободува простор за својот крал по с - вертикалата. Сега на ова место, најдобар потег е 2.Тd4! Со овој потег, белиот ги решава сите дилеми. Искористувањето на слободната с - вертикала, уште во првиот потег е лошо продолжение, бидејќи партијата би продолжила со 2.Кс7 2...Тс2+ 3.Кb6 3...Кb2+ 4.Ка7 4...Та2+ Кb8 и белиот не стори ништо, при што се создаде истата позиција, со таа разлика што белиот изгуби и едно темпо. Сега, по овој потег, се смета дека за црниот најдобар потег, кој сепак не носи резултати е потегот 2...Та1. Ова е итар потег, со кој црниот со чекање се обидува да го надитри белиот и да ја врати позицијата како што беше. Но белиот има позиција со форсирана победа. Следува 3.Кс7, по што на 3...Тс1+ 4.Кb6 4...Тb1+ 5.Кс6 (може и 5.Ка6 5...Та1+ 6.Кb5 6...Кb1+ 7.Тb4) 5...Тс1+ 6.Кb5 6...Кb1+ 7.Тb4 и белиот победува. Значи идејата на потегот 2.Тd4! е да се изгради т.н. „мост“, кој на белиот му овозможува да го покрие објавениот шах на црниот топ по вертикалата на која се наоѓа белиот пешак. Особено големо значење има и тоа, на кое поле треба да се постави топот за да се „изгради“ успешен мост? Одговорот на ова прашање е во разликата на хоризонталната на која се наоѓа пешакот и бројот 3 (во случајот, пешакот е на 7. хоризонтала, значи топот треба да се помести на четвртата).
|
|
- мај
Р. Рети, 4 декември 1921
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, реми!
Решение |
---|
| Ова е без сомнение една од најпознатите шаховски киомпозиции на сите времиња. Во неа се чини дека црниот пешак е далеку од белиот крал, кој не може да го стигне, за разлика од белиот пешак, чија промоција е директно попречена од црниот крал.
Во ваква позиција, на белиот не му останува ништо друго туку да се обиде да појде во заштита на својот пешак или да го нападне оној на црниот. Притоа добро е да се напомене дека на белиот му се потребни два потега за да го загрози црниот пешак, а тоа е и бројот на потези што му се потребни на црниот да го земе белиот пешак. Се чини дека најразумно решение во оваа позиција е потегот 1.Кg7! Со овој потег белиот ја задржува можноста да појде кон заштита на својот пешак или пак кон напад на противничкиот. Сега во оваа позиција, црниот има две главни продолженија: 1...Kb6 и 1...h4. На 1...Kb6 би следувало 2.Kf6, со што црниот и понатаму ги има двете можности во план. Сега на 2...Kxc6 би следувало 3.Кg4, со што партијата би завршила реми, додека на 2...h4, би следувало 3.Ке5!! и белиот повторно обезбедува реми, бидејќи на 3...Кxc6 следува 4.Кf4, а на 3...h3 4.Кd6 4...h2 5.с7 5...h1D 6.c8D и партијата продолжува со крал и дама на двете страни, што практично би значело реми. Доколку пак, црниот одигра 1...h4, тогаш белиот го има ситиот план, играјќи 2.Kf6. Сега до доколку црниот одигра 2...Kb6, белиот би одиграл 3.Ке5!! со што настанува истата позиција која штотуку беше анализирана во претходната варијанта. Но, доколку црниот „оди до крај“ со својот пешак и продолжи со 2...h3, тогаш повторно би следувало 3.Ке5!! Сега на 3...h2 следува 4.Кd6 (но не 4.с7?, на што би следувало 4...Kb6 5.Kd6 5...h1D и сега на 6.Kd7, црниот со шах со новопромовираната дама лесно го освојува белиот пешак) и на 4...h1D 5.c7! Со овој потег настанува позиција во која црниот, кој има материјална предност, има крал и дама, а белиот крал и пешак на потег до промоција, и тоа на c-вертикалата. Во ваквите позиции, теоретско правило во завршницата гласи: „Доколку послабата страна има пешак на c или f-вертикалата, кој се наоѓа на потег до промоција, при што истиот не е нападнат од противничкиот крал, партијата форсирано завршува реми (на пр.5...Dh8 6.Кс6 6...Df6+ 7.Kd7 7...Df7 8.Kc6, зо што нема можност за црниот за победа).
|
|
- април
А. Гурвич, 1930
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, победува!
Решение |
---|
| Во ова позиција, белиот има голема материјална предност, но црниот има опасен пешак, кој е на потег до промоција. Но црниот има уште една голема слабост во својата позиција, а тоа е лошата положба на неговиот крал.
1.S6c7! Со овој потег белиот го става црниот крал во пат позција. Сега белиот се заканува да матира (2.Lb6++), па затоа единствен потег, кој го одржува црниот е 1...а1Ѕ+. Сега белиот мора да го зароби црниот коњ, бидејќи две фигури за црниот би биле премногу. Следува 2.Кb2 2...Kb3. Последниот потег на црниот е подобар, отколку коњот сам да чека де биде земен. Вака црниот отвора можности за пат. 3.Kxb3. Истата позиција како од пред два потега, со таа разлика што сега го нема црниот пешак. Белиот повторно се заканува да матира на b6, но црниот е на потег, кој се обидува да добие пат позиција. Единствен потег е 3...Lc5, на што белиот мора да одигра 4.Lh2 (4.Lxc5?? е пат). 4...Lg1 (на 4...Ld6, следува 5.Sb6 и на 5...Lxh2 6.Sc4++). Црниот не отстапува од својата намера, но сега белиот го има потегот 6.Lf4!! (сега не 6.Sb6? поради 6...Lxb6 или 6...Kxb6 и црниот ремизира). Со овој потег, белиот ги решава сите дилеми. Сега, тој се заканува да матира, играјќи 7.Ld2++, па затоа црниот мора да одигра 6.Le3, но сега следува 8.Sb6! Во оваа позиција, црниот не може да се одбрани од матот во следниот потег. На 8...Lxb6 9.Ld2++ и на 8...Lxf4 9.Ѕс4++.
|
|
- март
Г. Каспарјан, 1955г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, победува!
Решение |
---|
| Оваа шаховска композиција е една од најпознатите шаховски композиции во завршницата.
Во овваа позиција, белиот има материјална предност од цел „коњ“, но сепак позицијата на црниот не е загубена, бидејќи доколку тој го освои белиот пешак на d3 обезбедува реми.
1.Lf5. Јасно е дека целта на црниот е да го совои белиот пешак на d3 како би ремизирал, па затоа овој потег е очекуван од страна на белиот. 1...Кd4. Ова е добар потег. Белиот пешак не може да напредува, а црниот крал е блиску до посакуваниот пункт, па црниот може да планира напад со својот ловец и освојување на пешакот. Но, следува 2.Se6+! (но не 2.Кb6? 2...Lc2 3.Se6+ 3...Ke5! и белиот го губи пешакот) Со овој потег белиот го ослободува својот пешак, бидејќи сега црниот крал мора да отстапи. Уште позначајно е и тоа дека коњот го контролира полето d4, каде пешакот би бил заштитен. Следува 2...Ке5 3.Lh3 (во оваа пзоциија, што подалеку тоа подобро) 3...Lc2 4.d4+ 4...Kd5. Црниот крал сега ги напаѓа и белиот пешак и коњ, а го заштитува и својот пешак на d6, но сепак пешакот и коњот се заштитени, а црниот крал нема многу слободни полиња на располагање. Следува 5.Кb5, по што црниот крал се наоѓа во пат позиција и е принуден да одигра 5...Lh7 (по 5...Ld3+ 6.Kb4). Со овој потег црниот настојува да го префрли ловецот на g8, како би го освоил белиот коњ. Следува 6.Кb4 6...Lg8 7.Кc3. Во оваа позиција црниот не може да го избегне матот на g2, па по 7...Lxe6 или било кој друг потег, следува 8.Lg2#.
|
|
- февруари
непознат, пред повеќе од 1000 години
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, мат во три потега!
Решение |
---|
| Ова е еден од најстарите шаховски ракописи, чиј автор е непознат, а времето на неговото запишување се проценува дека е пред повечќе од 1000 години.
Во овваа позиција, белиот има материјална предност, но од него се бара да го матира црниот крал во 3 потега.
Очигледно е дека белиот коњ на g3 ја затвора g-вертикалата, која доколку е отворена, црниот крал би бил заробен на полето f6. Затоа планот на белиот е со првиот потег да го зароби противничкиот крал на полето на коешто се наоѓа. 1.Sh5+! Со овој потег белиот не само што ја отвора g-вертикалата и го заробува црниот крал на f6, туку тој со овваа ефектна жртва на фигура го принудува црниот топ да го напути редиот ред, по кој тој го заштитуваше полето g6. Единствен потег во оваа позиција е 1...Тxh5 (кралот не може да побгене, бидејќи сите полиња кои го опколуваат се контролирани од противничките фигури). Овој потег на белиот му дава одлична инспирација за убава завбршна комбинација. Следува 2.Тg6+!! (но, не 2.Те6+ 2...Кхе6, па 3.Тg6+ не е мат (3...Кd5)), потег со кој црниот повторно е принуден да ја прими жртвата. По 2...Кхg6, следува 3.Те6#.
|
|
- јануари
Извадок од партијата П. Морфи - Гроф Изоар, Париз, 1858г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, победува!
Решение |
---|
| На дијаграмот е претставена позицијата по 12...Тd8 од антологиската партија одиграна помеѓу Пол Морфи и Грофот Изоар во Париз во 1858 г.
Во овваа позиција, црниот има материјална предност, но неговите фигури се „во тесно“, а црниот крал е „заглавен“ во центарот. Но, сепак на прв изглед се чини дека црниот крал е заштитен од нападите на актинвите бели фигури.
Во оваа позиција, Морфи одиграл 13.Тxd7!! Со овој потег, белиот започнува комбинација која има за цел да се разбие противничкиот бедем пред црниот крал и истиот да се матира. Сега црниот е приморан да одигра 13...Тxd7, бидејќи на 13...Sxd7 би ја загубил дамата, а доколку земе со дама, белиот има голема материјална предност и добиена позиција. 13...Тxd7 14.Td1. Црниот топ на d7 е врзан. На ова место грофот Изоар одиграл 14...De6, што и не е така лошо, но ваква позиција тоа е само очајнички обид. Црниот ослободи простор за својот крал и ја отстрани дамата од опасната дијагонала на белиот црнополен ловец, но сега и ловецот се активира. 15.Тxd7 15...Sxd7 (на 15...Dxd7, белиот лесно победува). Сега белиот црнополен ловец владее по дијагоналата h4-d8. Следува... 16...Db8+!! „Шлаг“ на комбинацијата! Сега црниот мора да одигра 16...Sxb8, на што следува 17.Тd8++.
Со поваа прекрасна комбинација, По Морфи успеал да ја уништи црната одбрана и со синхронизацијата на своите две последни фигури да го матира својот противник.
|
|
|