Оваа позиција настанала по потегот 39...Dd5 во петнаесеттата партија од мечот за светски првак во 1960 меѓу Михаил Таљ и Михаил Ботвиник.
Очигледно е дека белиот, кој е на потег е во можност да нападне и да ја обезбеди победата, но сепак целта на оваа позиција е да се најде најкраткиот и најдобар пат до победата. На ова место, Таљ одиграл 40.Тха6+! Со овој потег белиот, понудувајќи жртва овозможува отворање на а- или b-вертикалата. Доколку црниот ја прими жртвата, играјќи 40...bах6, белиот форсирано победува по 41. Dxa6+ 41...Та7 42.Dxc8+ 42...Db8 43.Dxb8#(на 40...Ках6 41.Db6#). Овде, Ботвиник, пресметувајќи ја оваа комбинација, ја видел неодбранливата матна закана, па ја одбил жртвата, играјќи 40...Кb8, но по 41.Dа4 се предал, бидејќи неодбранлива е матната закана 42.Та8+ 42...Кc7 43.Da5+ 43...Kc6 (на 43...b6, следува 44.Dxb6#) 44.Db6#.