Во ова позиција, белиот има голема материјална предност, но црниот има опасен пешак, кој е на потег до промоција. Но црниот има уште една голема слабост во својата позиција, а тоа е лошата положба на неговиот крал.
1.S6c7! Со овој потег белиот го става црниот крал во пат позција. Сега белиот се заканува да матира (2.Lb6++), па затоа единствен потег, кој го одржува црниот е 1...а1Ѕ+. Сега белиот мора да го зароби црниот коњ, бидејќи две фигури за црниот би биле премногу. Следува 2.Кb2 2...Kb3. Последниот потег на црниот е подобар, отколку коњот сам да чека де биде земен. Вака црниот отвора можности за пат. 3.Kxb3. Истата позиција како од пред два потега, со таа разлика што сега го нема црниот пешак. Белиот повторно се заканува да матира на b6, но црниот е на потег, кој се обидува да добие пат позиција. Единствен потег е 3...Lc5, на што белиот мора да одигра 4.Lh2 (4.Lxc5?? е пат). 4...Lg1 (на 4...Ld6, следува 5.Sb6 и на 5...Lxh2 6.Sc4++). Црниот не отстапува од својата намера, но сега белиот го има потегот 6.Lf4!! (сега не 6.Sb6? поради 6...Lxb6 или 6...Kxb6 и црниот ремизира). Со овој потег, белиот ги решава сите дилеми. Сега, тој се заканува да матира, играјќи 7.Ld2++, па затоа црниот мора да одигра 6.Le3, но сега следува 8.Sb6! Во оваа позиција, црниот не може да се одбрани од матот во следниот потег. На 8...Lxb6 9.Ld2++ и на 8...Lxf4 9.Ѕс4++.