Во оваа позиција, црниот крал се наоѓа во пат позиција, па се чини дека белиот со првиот шах може да го матира. Сепак, бројните фигури на таблата ја отежнуваат целта да се матира противничкиот крал во 4 потези и создавваат потреба од тактичка игра.
Во позицијата, белиот има ловечка двојка, а црниот крал се наоѓа на бело поле, што му овозможува на белиот да размислува на мат со белополниот ловец. Сепак, белополниот бел ловец е лошо позициониран, бидејќи црниот крал е во непосредна близина, па идејата е најпрвин да се одаечи белиот ловец, па потоа да се матира црниот крал. Во овој поглед, белиот има на располагање три можности, да одигра 1.Lg4, но замислата 2.Lh5 не е мат, бидејќи ловецот ја напшушта дијагоналата h3-c8, па црниот крал би се „сокрил“ на е6, па мат во преостанатите 2 потега нема. Втората можн ост, 1.Ld3 е поконкретна, бидејќи белиот се заканува да матира во еден потег, со потегот 2.Lc4, но во овој случај црниот го има на располагање силниот потег 1...d5!, па пешакот на d5 ги контролира важните полиња с4 и е4, па со ова белополниот бел ловец би бил „блокиран“ со што на белиот не може да победи во бараниот број на потези. Но, белиот има и трета можност, со која се заканува да матира и го оневозможува црниот пешак да го ограничи. Тоа е потегот 1.e4! Со овој потег белиот се заканува да матира, играјќи 2.Ld5, а со тоа го оневозможува црниот пешак да се позционира на нападнатото поле. Сега, единствен потег на црниот е потегот 1...Ke6, но сега следува 2.Ld3! Неверојатно, но белиот загуби цело темпо, цел еден потег, само за да го позиционира противничкиот крал на посакуваната полуотвиорена петта хоризонтала, по која владее белиот топ на b6. Сега, заканата е 3.Lc4+ и по 3...d5 4.Lxd5#. Во оваа позиција, црниот не може да одигра 2.d5, бидејќи пешакот е врзан. Поради тоа, црниот е принуден да се врати со својот крал на f7, па следува 2...Kf7 (секој друг потег на црниот доведува до 3.Lc4#). По ова, победничката комбинација е јасна: 3.Lc4+ 3...d5 и 4.Lxd5#.