Оваа шаховска композиција е една од најпознатите шаховски композиции во завршницата.
Во овваа позиција, белиот има материјална предност од цел „коњ“, но сепак позицијата на црниот не е загубена, бидејќи доколку тој го освои белиот пешак на d3 обезбедува реми.
1.Lf5. Јасно е дека целта на црниот е да го совои белиот пешак на d3 како би ремизирал, па затоа овој потег е очекуван од страна на белиот. 1...Кd4. Ова е добар потег. Белиот пешак не може да напредува, а црниот крал е блиску до посакуваниот пункт, па црниот може да планира напад со својот ловец и освојување на пешакот. Но, следува 2.Se6+! (но не 2.Кb6? 2...Lc2 3.Se6+ 3...Ke5! и белиот го губи пешакот) Со овој потег белиот го ослободува својот пешак, бидејќи сега црниот крал мора да отстапи. Уште позначајно е и тоа дека коњот го контролира полето d4, каде пешакот би бил заштитен. Следува 2...Ке5 3.Lh3 (во оваа пзоциија, што подалеку тоа подобро) 3...Lc2 4.d4+ 4...Kd5. Црниот крал сега ги напаѓа и белиот пешак и коњ, а го заштитува и својот пешак на d6, но сепак пешакот и коњот се заштитени, а црниот крал нема многу слободни полиња на располагање. Следува 5.Кb5, по што црниот крал се наоѓа во пат позиција и е принуден да одигра 5...Lh7 (по 5...Ld3+ 6.Kb4). Со овој потег црниот настојува да го префрли ловецот на g8, како би го освоил белиот коњ. Следува 6.Кb4 6...Lg8 7.Кc3. Во оваа позиција црниот не може да го избегне матот на g2, па по 7...Lxe6 или било кој друг потег, следува 8.Lg2#.