Портал:Театар/Избрана биографија
Ристо Крле (Струга, 3 септември 1900 - Скопје, 29 октомври 1975) e драмски писател и еден од првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Добитник e на наградата „11 Октомври“ за животно дело.
Ристо Крле е роден во 1900 година во Струга, како син на кондураџија. Неговото школување било краткотрајно со чести прекини. До Првата Светска Војна, тој го завршил основното училиште и една година од средното училиште. Потоа, до 1916 година паузирал со образованието. Кога Македонија била под бугарска окупација тој решил да го продолжи своето образование и успешно завршил уште една година од средното образование. Но, за жал, образованието на Ристо Крле било уште еднаш прекинато поради смртта на неговиот татко. После тоа тој немал можност да го продолжи своето образование. Како тинејџер тој се вработил, и по завршувањето на Војната, ја наследил професијата на својот татко – станал кондураџија. Прочитајте повеќе