Портал:Северна Америка/Избрана статија
Канада е федеративна држава во Северна Америка составена од 10 провинции и 3 територии. Канада е парламентарна демократија и уставна монархија на Кралицата Елизабета II во рамките на Комонвелтот. По површина, таа е втора земја во светот.
Главен град е Отава ( ), а најголем е Торонто ( ) со 5.113.149 жители во областа на градот. Името Канада доаѓа од зборот каната на индијанците Ирокези околу реката Сент Лоренс кој означувал село или населба. Жак Картие во 1535. год. почнал да го користи тој збор за да ја означи целата територија на Ирокезите. Подоцна, во време на британските колонии од 1841., името Канада се однесувало на две провинции: Горна Канада — околу Големите езера и Долна Канада околу реката Сент Лоренс. Со Уставниот Акт од 1867, името Канада било прифатено како име на целата држава. Прочитајте повеќе