Портал:Религија/Избрана статија/2011/јануари
Спиритуализам — религија делумно основана врз основа на пишувањата на шведскиот мистик Емануел Сведенборг. Спаѓа во теизмот, со верба во Бога, но се одликува со верување дека може да се контактира со душите на мртвите, било од страна на поединци или од посебно тренирани медиуми, кои можат да ни дадат информации за „животот после смртта“.
Спиритуализмот е развиен во САД, а максимален број на членови стекнува од 1840 година до 1920 година, посебно во земјите каде се зборува на англиски јазик.
Оваа религија се распламтела за половина век без никакви канонски текстови, официјални организации, лекции, кампови за обука или мисионерски активности. Интересно е што повеќето од спиритуалистите биле жени, кои ја поддржувале борбата против ропството и правото на глас за жените. Прочитајте повеќе